Како да препознаете лажни пријатели?

Замислете дека имате пријател/ка, некого што го сакате и кому се доверувате, а таа личност всушност има негативни чувства према вас. Секако, кога сте заедно ќе ви се насмее, но во своето срце не ви посакува добро, чувствува огорченост, а понекогаш и ве мрази.

Никој не сака да го мразат, но кога ве мрази или многу малку се грижи за вас токму оној кому му верувате, тоа станува ноќна мора. Овој вид на предавство ви го крши срцето.

Предупредувачни знаци:
1. Кога на таа личност ќе и требате, ве запоседнува, но во моментот кога вам ви треба нешто – рамо за плачење,  доверба – ја нема никаде.

2. Внатрешното чувство ви кажува дека под никакви околности не треба да верувате во таа личност. Но, не можете да заклучите зошто така се чувствувате.

3. Се чувствувате лошо поради повеќето лоши коментари што ви ги кажува.

4. Кога сте среќни, не може да биде среќна поради вас, но се чини дека се чувствува многу добро кога вам ви тргнува на лошо.

5. Сфаќате дека скоро сите ваши меѓусебни разговори се вртат околу неа: нејзините проблеми, нејзиниот живот, а воопшто за вас.

6. Откривте дека ве озборува.

7. На социјалните мрежи пишува суптини навреди за вас и другите пријатели. А кога вие ќе поставите нешто, ве исмева или е груба.

8. Почнувате да забележувате дека во разговорот морате да бидете многу внимателни, бидејќи не можете да кажете како навистина се чувствувате, плашејќи се да не ја налутите.

9. Разговара со вас како да сте мало дете.

10. Не се брза да ви одговори на пораки, мејлови или повици… освен ако не и треба нешто од вас.

11. Толку ве критикува (за ваше добро), што се прашувате на чија страна е.

12. Можеби прониклива, но истовремено потполно нетактична (како да нема сочувство). Ако имате проблеми со мажот или децата, ќе ви даде стотина совети и да ви нагласи колку грешите.

13. Со секоја добра вест што ќе ја споделите со неа, успева да го уништи моментот.  Ако изгубивте 3 кг, ќе ве предупреди (како на шега) што порано можете да симнете уште толку килограми, ако сакате да го задржите сопругот.

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ!

ВЕДРАНА РУДАН: НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ! Вие кои немате дете, ни дете од своето дете, немате идеја...

Close