Како да препознаете манипулација

Не ме купувај со зборови, ако ме продаваш со делата!

Манипулацијата е облик на однесување кој служи работите  да се извртат во своја  корист во секоја ситуација без разлика колку тоа на друг ќе му наштети или не. Таквото однесување претставува перфидна игра, каде ништо не така како на прв поглед ви изгледа. Според тоа, многу е тешко да се препознаат емоционалните манипулатори бидејќи се во состојба да ве „насанкаат“ на многу лесно а тоа и да не го забележите и да се чувствувате добро и корисно во врска со тоа. Во продолжение на текстот ќе бидат прикажани одредници за воочување на манипулативното однесување.

Искреност и манипулација. Во комуникација со манипулаторот искреноста не помага. Доколку било што да кажете ќе биде извртено иако фактите се на ваша страна. На пример, ако сте бесни што манипулативната личност ви го заборавила рогенденот, нејзината реакција на тоа ќе изгледа вака: „Многу ми е жал што мислиш дека сум го заборавил твојот роденден, требаше да ти кажам со колкав стрес се соочувам во овие моменти, но не сакав да те заморувам со тоа. Иако, во право си,  можеби требаше да ја запоставам  цела таа болка (тука можат да се појават и солзи) и да се фокусирам на твојот роденден. Извини.“ Иако слушајќи го изговорот која личноста ви го дава, чувствувате дека за ништо не и жал, а како ги изговорила тие толку убави зборовине не можете да кажете ништо против. Уште повеќе можете да се најдете во улога на тешител. Во вакви ситуации, важно е да не попуштите  воопшто – да не тешите, не прифаќајте неиздржани објаснувања и извинувања.  Ако чувствувате дека извинувањето е лажно – тоа навистина и е. Внимавајте доколку манипулаторот почувствува дека ве завел со својата маневра, ќе станете негов постојан „муштерија“.

Давање помош од страна на манипулаторот. Ако ги замолите да ви направат некоја услуга, на тоа тие секогаш ќе се согласат, ако веќе и не се понудиле да ви помогнат. Ако им се заблагодарите и ја прифатите нивната помош, тие ќе направат многу невербални знаци, каде вие сигурно ќе забележите дека без разлика на ветувањето тоа нема да биде исполнето. Ако им кажете  дека не изгледа дека ќе го исполнат ветувањето, тие ќе ве уверуваат дека нема збор да не го исполнат ветеното и дека ваште забелешки се неразумни. Главно правило е да доколку манипулаторот каже ДА, натерајте го  доколку не го исполни ветувањето да осети дека знаете дека тоа не сакал да го направи и натерајте го следниот пат да признае дека нешто нема да направи иако ветува дека сака. Кога ќе започне театралноста, направете дека не обрувате внимание – ставите слушалки за слушање музика, излезете од просторијата и сл.

Порекување на вашите зборови или како манипулаторот може да ве направи „луд“. Ако забележите дека во однос со некој морате да водите белешки за тоа што сте зборувале и почнете да го преиспитувате сопствениот разум, знајте дека сте фатени во стапица на манипулацијата. Емоционалниот маипулатор е стручњак за  извртување на работите, за рационализација, оправдувања,  вртење на работите на „својата воденица“. Можат така самоуверено да лажат, така што ќе ве убедат дека нешто е бело иако е црно, а вие без разлика на објективниот факт ќе се доведете во ситуација да ги преиспитувате сопствените сетила. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Емоционалните манипулатори се многу опасни! Меѓутоа, многу ќе ги вознемири ако со себе носите парче хартија и молив и ја бележите конверзацијата. Можете да кажете дека сте станале заборавни во последно време и дека фаќањето белешки ви помага да го надминете тоа.

Кривица – емоционалниот манипулатор  е исклучителен во содавањето на чувство на кривица кај другите. Можат да ве натераат да се чувствувате крив што зборувате премногу / не зборувате доволно, што сте премногу емоционални / не сте емоционални, што се загрижени / не сте доволно загрижени. Се може да стане предмет на манипулација. Емоционалните манипулатори ретко зборуваат за своите потреби и желби отворено – тие го земаат тоа што им треба преку своите маневри. Создавањето кривица е само само еден од начините тоа да го постигнат. Уште еден начин е улогата на жртва. Манипулаторите се однесуваат како големи жртви и на тој начин ќе ве натераат да многу работи ги направите наместо нив, и кога тоа ќе го направите ќе ви речат дека не требало, дека тие не очекувале тоа да го направите за нив, итн. Најдобра реченица да не паднете во  стапица е: „Имам доверба во тебе дека можеш сам тоа да го направиш“.

Емоционалниот манипулатор игра валкано. Манипулаторот не ги решава работие директно. Обично ви работи позади грб и ги инструира другите да ви го кажат тоа што тие не би ти го рекле. Ќе ви зборуваат тоа што сакате да го чуете, а потоа ќе работат работи кои ќе ги опструираат, по ситемот „едно зборува друго работи“. Ако го повикате за таквото однесување најверојатно ќе чуете дека не може се да разбере бидејќи сега на вас ви е потребно повеќе внимание или мир иако прет тоа ве слушал и сочувствувал со вас.

Доколку имате главоболка, емоционалниот манипулатор ќе има тумор на мозокот! Без разлика колку ви е лошо, личноста која е манипулативна ќе покаже дека нејзе сто пати и е потешко отколку на вас. После некое време ќе осетите емоционална поврзаност со манипулаторот бидејќи тој конверзацијата постојано ја враќа на себе. Ако го повикате за некое внимание, тој ќе ја сврти ситуацијата и ќе направи дека вие сте виновен во сето тоа. Иако знаете дека тоа не е точно, ќе морате да вложите големи напори тоа и да го докажете. Не заморувајте се, верувајте во себе, свтртете се и излезете.

Емоционалните манипулатори имаат спосбност да извршат влијание на емоционалната атмосвера околу себе. Кога се бесни или тажни, тие ќе ангжираат се околу себе како би допринеле подобро да се чувствуваат, а и како би дошле во улога на спасител и да решат се што можат како би ги расположиле. Ако останете во контакт со вакви луѓе, ќе заборавите дека имате сопствени грижи и ќе мислите дека немате право да ги имате и дека се мали и безвредни во однос на нивните.

Емоционалните манипулатори немаат никакво чувство на одговорност. Не превземаат никаква одговорност за себе и своето однесување, другите треба да прават се за нив.  Нивниот препознатлив начин да ве купат е споделувањето на интимни информаци и поверувања. Тоа ќе направи да помислите дека таа личност е сензитивна, емоционално отворена личност и веројатно ранлива. Меѓутоа нивна емоционалност и ранливост НЕМА иако секогаш ќе изгледа дека се во проблеми и кризи и од вас се очекува да се „фрлите во бунар“ за нив.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Од другата страна

Патник во воздушен балон ја изгубил оринетацијата. Го спуштил балонот пониско и здогледал една жена на земјата... Се спуштил пониско...

Close