Како да се биде среќен

Еден од предусловите на среќа и неверојатно едноставен начин  за да се чувствувате  среќни е ако седите  до ваш  пријател или некој што го сакате.  Доволно е  само да седите  тивко и да не правите ништо.

Во секој случај, човек  чувствува еден вид на внатрешна радост во таква ситуација, бидејќи е  опкружен со луѓе, кои  се чувствуваат удобно со него. Тие  не треба да се занимаваат со нешто, па дури и не треба да се исполнува просторот со звук. Седејќи во тишина и чувство на присуство на вашите пријатели е доволно.

Уживајте во она што го правите –  Среќните луѓе прават работи во кои уживаат и уживаат во она што го прават.

Живејте за денес  – Не мислете на минатото, на нешта кои тргнале наопаку или за неуспесите во минатото. Среќните луѓе живеат за сегашноста и имаат позитивен став за неа.

Одберете среќа – Не плашете се да се вратите назад и повторно да ги процените своите цели. Замислете го својот живот како една приказна на која може да ѝ го менувате текот.

Врски и пријателства – Чувајте ги околу себе луѓето кои ви се важни. Својата среќа ја наоѓаме во среќата на нашите пријатели или партнер. Како што некои луѓе нас нè прават среќни, така и ние сме среќа во нечиј друг живот.

Бидете активни – Ако сакате да бидете посреќни, развивајте пријателства и прифаќајте ги понудите на пријателите за пијалок, за дружење во ноќен клуб, прошетки и слично. Развивањето на богат социјален живот не го правете како обврска, туку бидејќи е вредно, значајно и забавно.

Не се споредувајте со другите – Амбицијата е здрава и ги прави луѓето среќни, но она што ги прави несреќни е завист.

Уживајте со шолја кафе во добро друштво – Многу од нас наутро ги буди мирисот на кафе и без тој пијалок невозможно е да го започнеме денот. Попладневно кафе во друштво на пријателите е една од причините кои нè прават среќни. Кафето нека биде само изговор за средба со вашите пријатели кои секогаш ве прават среќни.

Бидете свои –  Не треба да се грижите за тоа што мислат другите за вас. Бидете свои, весели, спонтани, природни и реални, кажувајте што мислите и чувствувате, и не грижете се за тоа што другите го зборуваат за вас.

Размислувајте позитивноКриењето на емоциите и лошите чувства создава психолошка несреќа и физичка непријатност. Среќните луѓе секогаш ја гледаат светлата страна на нештата. Негативното „Чашата е половина празна“ заменете го со позитивното „Чашата е половина полна“. Оптимизмот е природен одбранбен механизам против депресија.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Оставете ги да ве озборуваат

Еден брачен пар имал 12-годишен син и едно магаре. Одлучиле малку да прошетаат, работат и да го запознаат светот, па...

Close