Како да успееш

Млад дечко без работа се пријавил за работа во Мајкрософт како чистач на WC шољи. Кадровскиот директот  го примил на разговор и по краткиот тест му рекол: „Примен си. Остави ја твојата e-mail адреса за да ви го пратам договорот и спискот на вашите работни задачи“.
Дечкото збунет, одговорил дека нема компјутер па со тоа нема ни e-mail. Тогаш директорот му рекол: „Е па тогаш ми е жал, ако немата e-mail,  виртуелно вие не постоите  и јас не можам да ве вработам“.
Сиромашното момче очајно излегло до зградата на Мајкрософт, без идеа што би можел да работи со 10 долари во џебот. Влегол во еден супер маркет и купил  мала гајба со 10кг јагоди. За кратко време јагодите ги продал од врата на врата и до пладне го дуплирал почетниот капитал.
Изненаден и со ентузијазам ја повторил истата работа уште неколку пати и дома се вратил со 60 долари.
Тогаш свтаил дека овој систем би можел да му овозможи да преживее, па почнал од следното утро да го применува во континуитет, излегувајќи рано наутро, враќајќи се доцна навечер.
Работејќи така, го зголемувал капиталот секој ден. За кратко време купил рачна количка за да го зголеми обемот на работа, а подоцна ја заменил со камионче. Работејќи така, во рок од една година станал сопственик на мала флота моторни возила за разнесување овошје и зеленчук. За5 години станал сопственик на најголема мрежа за дистрибуција на намирници во САД. Во тој момент, мислејќи на иднината на семејството, одлучил да си го осигура животот.
Повикал агент од осигурителна комапанија за да потпише полиса за осигурување. Агентот на крајот од разговорот го прашал за e-mail за да му прати проспект за осигурување. Но човекот му одговорил дека нема   e-mail.
„Баш чудно“, прокоментирал агентот за осигурување. „Немата e-mail, а сте направиле успешна империја. Замислете каде би биле кога би имале“.

Човекот се замислил, па му одговорил: „Во Мајкрософт чистејќи WC шољи.„

 

Порака бр. 1: Интернет не е решение за проблемите во животот.

Порака бр. 2: Ако немаш e-mail, а работиш многу, можеш сеедно да станеш милионер.

Порака бр. 3: Ако сте ја примиле поракава преку e-mail… поблиску сте до чистење WC шољи, отколку да станете милионер.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Да даде господ лајк да не видиш

Новиот бран желби и честитки што масовно се упатуваат кон одредени професии, соседи или, пак, најразновидни опоненти како израз на...

Close