КОРПОРАТИВЕН КОДЕКС

Запомнете, вие одбравте да работите кај нас и ние сме тука да обезбедиме позитивно работно искуство. Затоа сите прашања, грижи, жалби, фрустрации, лутина, заострување на односите, инсинуации, наводи, обвинувања, размислувања, депримираност и слични информации, треба да бидат упатени на друго место.

Начин на облекување

1. Се препорачува да доаѓате на работа облечени во согласност со вашата плата. Ако ве видиме дека носите Прада чевли или Гучи чанта, ќе претпоставиме дека финансиски добро ви оди и ќе заклучиме дека не ви е потребно зголемување на платата.

2. Ако се облекувате лошо, тоа значи дека треба да научите подобро да ги менаџирате вашите пари, за да можете да купувате поубави алишта и затоа не ви е потребно зголемување на платата.

3. Ако се облекувате токму како што треба, тоа значи дека сте таму каде што треба да бидете и заради тоа не ви е потребно покачување.

Боледување

Повеќе не прифаќаме оправдание од доктор како доказ дека сте болни. Ако можете да отидете до доктор, тогаш можете да дојдете и на работа.

Празници

Секој вработен ќе добие 104 слободни денови во текот на годината. Тие се викаат – сабота и недела.

Слободни денови за лични проблеми

Ова не е оправдание за отсуствување од работа. Нема ништо што можете да направите за вашите мртви пријатели, роднини или колеги. Треба да се потрудите оние кои не се вработени кај нас да ја посетат церемонијата.

Во ретки случаи, каде ангажманот на вработените е неопходен, погребот треба да биде закажан за доцна попладне. Ќе ни биде задоволство да ви дозволиме да работите за време на паузата и потоа да заминете еден час порано од работа.

 

 

Користење на тоалетите

1. Генерално, премногу време се минува во тоалетите. Од сега има стриктно ограничување од 3 минути.

2. На крајот од 3-те минути ќе се активира аларм, тоалет хартијата ќе се свитка наназад, вратата од тоалетот ќе се отвори и вие ќе бидете фотографирани.

3. По вториот прекршок, вашата фотографија ќе биде објавена на огласната табла на компанијата, во категоријата “Хронични прекршители”.

4. Секој што ќе биде фатен како се смее на фотографијата, ќе биде санкциониран според правилникот за ментално здравје на компанијата.

Пауза за ручек

1. Слабите добиваат по 30 минути за ручек, бидејќи треба повеќе да јадат за да изгледаат поздраво.

2. Луѓето со нормална тежина, добиваат 15 минути за ручек, доволни за еден балансиран оброк потребен да се одржи нивната просечна фигура.

3. Дебелите ќе добијат 5 минути за ручек, бидејќи толку е потребно да се испие Slim-Fast.

 

Ви благодариме,
Менаџментот

 

Превземено од  Трендоленд – off.net.mk

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Кога мајката ја фали ќерката…

- Таа е супер дете, беше најдобар ученик, најдобар студент... Всушност, има многу нешта од кои се откажа, но ги...

Close