
Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот.
– Добар ден, рече Вистината.
– Убав ден, рече Лагата.
Вистината застана да види дали е точно, и било точно.
– Убав ден, одговори Вистината.
– Уште поубаво е езерото, рече Лагата.
Вистината повторно провери дали е точно и било точно.
Лагата дотрча до водата и рече: Водата е најубава. Ајде да пливаме.
Вистината ја допре водата со прстите и виде дека навистина е прекрасна и се сложи со Лагата.
Ја соблекле облеката и влегле во водата. После некое време, Лагата излезе од водата, го облече оделото на Вистината и отиде. Вистината никако не можела да го облече оделото на Лагата, па почнада оди гола, а сите се згрозувале кога ја гледале.
И од тогаш луѓето повеќе сакаат да видат Лага облечена во оделото на Вистината, отколку гола Лага.