Мајчината љубов

Во една плодна долина живеело мирољубиво племе. Еден ден, група напаѓачи го опустошиле селото и со нив повеле едно дете од племето. Заедно со пленот и детето се искачиле на висока планина.

Луѓето од долината не знаеле како да ја искачат стрмната и висока планина за да го најдат детето и да го вратат дома.

Се собрале најсилните и најхрабрите луѓе од племето и со денови се обидувале да се искачат на планината…

Но секој нивен обид бил неуспешен. Конечно решиле да се откажат од потрагата.

Додека се враќале кон својата долина, ја виделе мајката на украденото дете како држејќи го своето чедо во раце се симнува од стрмната планина.

-Како успеа да се искачиш на планината? Ние сме најјаки во селото, а не можевме да се искачиме, ја прашале луѓето.

-Тоа не беше вашето дете, одговори мајката.

Оваа неверојатна и навистина убава приказна покажува дека мајчината љубов може да ја победи секоја пречка во животот и да го победи секој предизвик за своето чедо.

 

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Прогласот на Мирка Велиновска

Макeдонци, На 30 септември, македонскиот народ во земјава и дијаспората преку БОЈКОТ го отфрли ултиматумот од Преспа, но и членството...

Close