МАКЕДОНСКОТО ВИНО

Приказната  за Македонското вино е приказна со безброј ликови, вкусови и тајни на рецептите  кои традиционално и со векови се пренесуваат од генерација на  генерација. „Тоа е приказна која не знае за почеток и  крај„.


Во  Македонија виното е еден од симболите на земјата заедно со сонцето, храната и  бескрајната природна убавина. Според старите раскажувачи што ќе ги сретнете на  планатажите со лозја најголемата тајна на вкусовите на вината од Македонија е  сонцето кое во пределите на централна Македонија му дава своја специфика на  секое зрно грозје.

Кога  ќе тргнете од Велес кон Кавадарци, Неготино, Демир Капија се до Гевгелија по  пат ве преплавуваат лозови насади и големи и мали винарии кои на многу  автентичен начин со својата архитектура ја раскажуваат македонскста винска  приказна. Од  главниот град Скопје па се до Југот на земјата веќе функционираат вистински мали  оази со вински куќи, винарии и прекрасни повекедневни понуди за љубителите на  уживањето и дегустацијата на вина и автентична македонска храна.


Оној  што еднаш ја видел Македонија задолжително го памети вкусот на вината од оваа  земја и неодоливиот шарм на овие предели.

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
Само луѓето со богат дух можат да уживаат во осаменоста

Човек кој е интелектуално подобар од другите, од самотијата има две придобивки: првата, што е сам, и втората, што не...

Close