МАЛИ ГРАДИНИ ВО ДОМОТ

Многумина од нас живеат во пренаселени места каде бучавата е дел од секојдневието и затоа можноста за рекреација и уживање можат да си ја дозволат само на оние места кои се богати со вегетација и каде соодветниот простор може да им дозволи уживање на соодветен начин.

Секој од нас може да си ја оствари желбата за уредување и уживање во своите градини. Затоа Ви претставуваме неколку пристапи и начини на кој може да дојдете до посакуваната цел:

  • Доколку во својот дом имате доволно простор, може да посадите растенија кои растат во вертикална насока. Заради подобар естетски изглед, доколку од надворешноста имате скали кои водат кон домот може да посадите винова лоза и да ја поставите да расте во насока на скалите.
  • Денес, вертикалните градини сè повеќе наоѓаат свое место во уредувањето заради својата декоративност и ефикасност и најчесто даваат убаво екстериерно уредување на градината, а сето тоа може да се направи и во многу мали простори, а сепак да се добие една убава градина која ќе даде дополнителна убавина на домот.
  • Друг начин на уредување, доколку не располагате со доволен простор, за да може да си направите сопствена градина во домот, секако е уредување со бонсаи, кое може да го најдете во секоја цвеќара, а на вас преостанува само да продолжите со негово одгледување во домашни услови, но и да се грижите на соодветен начин.

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ!

ВЕДРАНА РУДАН: НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ! Вие кои немате дете, ни дете од своето дете, немате идеја...

Close