Малиот пингвин

Само малку луѓе знаат дека чувањето диви животни како домашни миленичиња е строго забрането во Бразил. Сепак, и покрај оваа забрана, малиот пингвин Диндим, плива до Бразил секоја година да го посети својот пријател кого го сретнал во 2011 година.

Еден ден, 71-годишниот Жоао Переира де Соуза, рибар, на брегот нашол пингвин на умирање. Жоао го земал пингвинот дома, се грижел како негователка за неговото здравје, и го нарекол Диндим. По некое време, пингвинот испливал далеку кон непозната дестинација … но потоа се вратил следната година! Старецот бил навистина изненаден и погоден  кога видел дека неговиот мал пријател повторно се вратил. Но, она што е уште повеќе неверојатно и трогателно што Диндим  доаѓа во посета на неговиот спасител секоја година.

” Сите велеа дека тој нема да се врати повеќе, но секоја година тој се враќа кон мене да ме види”, вели Жоао.

 

За да го посети својот спасител, пингвинот  плива околу 8.000 километри (5.000 милји) секоја година.

 

 

Сега, повеќе време од годината, Диндим живее со Joao во Бразил, а тој го поминува остатокот од времето во дом во близина на брегот на Аргентина и Чиле.

 

” Го сакам како тој да е мое дете, и јас верувам дека  и тој ме сака. ”

 

Биолозите истакнуваат дека тие никогаш не виделе нешто слично на ова. Веројатно, пингвинот смета дека Жоао е дел од неговото семејство.

 

 

 

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Како да успееш

Млад дечко без работа се пријавил за работа во Мајкрософт како чистач на WC шољи. Кадровскиот директот  го примил на...

Close