11 Марфиеви закони кои ќе ги разберат сите родители

Колку пати досега ви се случило парчето намачкан леб да ви падне баш на намачканата страна? Денот кога имате важен состанок да се успиете?

Токму заради ваквите работи, на сите нас добро познати ни се Марфиевите закони.

Овие закони совршено се вклопуваат и во секојдневието со деца.

На пример:

1. Колку повеќе сакате да спиете, толку порано ќе ви се разбуди детето.

2. Кога вашите деца изгледаат чисто и уредно, вие изгледате сосема спротивно.

3. Колку имате поголем простор во домот, толку повеќе играчки случајно ќе се појавуваат низ домот.

4. Колку повеќе се трудите да им зготвите вкусна храна, толку помалку им се допаѓа.

5. Кога го носите детето на туѓа детска роденденска забава, големи се шансите дека ќе се однесува на најлош можен начин со другите деца.

6. Колку повеќе се брзате, толку повеќе е потешко да го најдете чевелот на вашето дете.

7. Кога најмалите се болни, колку им е потешко дома, толку побрзо оздравуваат кога ќе дојдете на доктор.

8. Децата се светлина во домот – а, со нив, и дневната светлина никогаш не си заминува.

9. Луѓето кои ја употребуваат фразата „спиев како бебе“, никогаш немале бебе.

10. Кога вашето дете ќе загуби нешто, ќе го најдете на местото каде најмалку сте очекувале да го најдете.

11. Колку е подолго возењето, толку им е поздодевно на децата и толку побрзо се разгневуваат.

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
Само луѓето со богат дух можат да уживаат во осаменоста

Човек кој е интелектуално подобар од другите, од самотијата има две придобивки: првата, што е сам, и втората, што не...

Close