Масло од семки тиква – извор на младоста

Масло од тиква – моќен еликсир за слабеење

Веќе е познато дека тиквата, освен што е многу вкусна, има безброј придобивки за здравјето.

Во последно време, често се потенцираат придобивките од маслото од тиква кое особено помага во борбата со килограмите.

Се добива со процес на цедење на семките од тиквата на начин на кој се задржуваат сите нејзини корисни својства.

Богато е со витамини А и Е, а неговиот состав успешно ги разградува мастите во телото, особено на проблематичните делови: задникот, бутините и стомакот.

Освен тоа, ги отстранува токсините и го подобрува лимфниот состав.

Во продолжение прочитајте на кој начин да го користите маслото од тиква за да ослабете:

Консумирајте го на празен стомак

Ако сакате да ослабете, најдобро е да консумирате ладно масло од тиква, и тоа по една лажица наутро, на празен стомак, 15 минути пред појадокот.

Ако не ви се допаѓа вкусот на чистото масло, можете да го измешате со мед.

Консумирајте масло од тиква три недели, а потоа направете пауза од еден месец. На овој начин можете да изгубите и до 5 килограми.

Додадете го во салата

Ако не сакате да го пиете маслото или да го комбинирате со мед, користете го при подготовка на салата.

Идеално би било да додадете неколку лажички во салата од зеленчук со варено месо.

Ова може да ви биде вечера во период од три недели, а потоа паузирајте две недели. На овој начин се губат околу 4-5 килограми.

Извор: Црно бело

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close