Морската вода има иста ph како здравата човечка крв

Зголемената благосостојба на умот и телото за време на престојот на море не е само резултат на пауза од секојдневната работа, активности и грижи, туку тајната лежи во лековитите својства на морската вода, воздухот, боровите дрвја. Морската вода има иста pH-вредност како здравата човечка крв и содржи минерали и елементи во размери потребни на човечкиот организам. Уште од античките времиња, разни грчки и римски лекари ги откриле лековитите својства на морската вода. Тие забележале дека водата има одлично влијание во лекување на заболувања на кожата, бубрезите, но и дека е од корист за лекување на целото тело. Освен што ја има истаta киселост како крвта и содржи голем број минерали и елементи потребни за човекот, морската вода содржи и траги од ретки елементи потребни за организмот на човекот, но кои не ги користиме во секојдневната исхрана, па затоа не ги внесуваме во телото. Затоа дневната доза нуркање додека сте на море е добар начин телото да добие „солена“ детоксикациска хидротерапија.

Додека пливате или нуркате природно е дел од водата да навлезе во носот што е одличен начин да се измие целиот респираторен систем од различни бактерии, слуз и други нечистотии што таму се собирале во текот на годината.

Друга поволност од пливањето во отворените морски води е тоа што морето има електромагнетно енергетско поле, па природно го полни и го балансира човечкиот енергетски систем. Морето значително придонесува во процесот на обновување и го забрзува чистење на целото човечко тело. Освен тоа, морската вода содржи и магнезиум, кој е од голема корист за ослободување од стресот. Kонечно, брановите и морските струи нежно го масираат целото тело и бесплатно го отстрануваат целулитот.

Таткото на медицината, Хипокрит, меѓу првите го проучувал лековитото влијание на морето и морските брегови на својот матичен остров Kос, на архипелагот Додеканесос во Егејското Море. Легендата вели дека до ова сознание Хипокрит дошол набљудувајќи го благотоврниот ефект на морето врз оштетените раце на рибарите. Тој сфатил дека морската вода го намалува ризикот од инфекција и ги регенерира клетките, како и дека ја поттикнува размената на минерали и отрови помеѓу крвта и водата.

Францускиот научник Рене Kвинтон го посветил својот живот на истражување на морската вода, а во 1906 година ја објавил книгата „Морска вода, органски медиум“. Во неа зборува за хемиската сличност на крвната плазма и морската вода. Kвинтоновиот колега Kлод Бернард, пак, открил дека телото е составено од 70 проценти вода, а заеднички го проучувале составот на крвта, меѓуклеточната течност и лимфата. Kвинтон во 1897 година дошол до заклучок дека човечкото тело е аналогно на морската вода затоа што има ист состав на минерали.


Освен тоа, во морската вода се содржани речиси сите елементи од природата, како што се натриумот, магнезиумот, калциумот, калиумот, силициумот, па дури и среброто и златото,а во еден литар на морската вода во просек има 35 грама од различни растворени соли. Еден од најважните елементи чии траги има во морето е јодот, кој на човечкото тело му е неопходен за производството на два важни тироидни хормона, кои се неопходни затоа што управуваат со енергијата во телото. Недостатокот на јод може брзо да доведе до хроничен замор, но и да ја зголеми подложноста на инфекции, мускулна слабост, зголемување на чувството на ладно, бавни рефлекси, па дури и гушавост.

Пешачењето по песокот и камењата антистрес-терапија

Пожелно е престојот на море да се искористи за прошетка по плажите со боси нозе, но еднакво корисна е и прошетката по камењата на езерскиот брег. Освен што одењето по камења има позитивно влијание врз здравјето, шетањето покрај море или езеро ќе ве опушти и ќе ви помогне да го смирите умот, што е научно потврдено.

Поголемиот дел од годината нозете се во затворени обувки, па затоа топлото време е идеална можност да се „ослободат“ стапалата. Според истражувањето објавено во Journal of the American Geriatrics Society,на стари лица што редовно оделе по нерамни површини, со и без чевли, им бил измерен понизок крвен притисок од оние што оделе само по рамна површина или дури и не биле физички активни. Разликите стануваат забележливи по 16 недели, при што учесниците се движат на карпите три часа неделно.

Истото истражување покажало дека на луѓето што се шетаат по карпи, освен што имале понизок крвен притисок им се подобриле целокупните ментални и физички способности.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Писмо до мојата поранешна девојка: Среќен сум што не ме задржа…

Драга личност која некогаш нешто значеше, Ти пишувам за да ти се заблагодарам за твојата неспособност. Да ги забележиш неверојатните...

Close