Морска вода

Морската вода ги содржи оние елементи кои се значајни за нашиот живот, како натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, па дури и злато и сребро. Сите овие елементи навлегуваат во кожата додека се разладувате во водата. Покрај тоа, водата содржи и морски алги кои изобилуваат со минерали, ги обновуваат ќелиите, го подобруваат изгледот на кожата, го зајакнуваат имунитетот, а можат да помогнат и во отстранување на целулитот. Негативните јони со кој е полн морскиот воздух го зајакнуваат имунитетот, ја зголемуваат концентрацијата, ја намалуваат несоницата, поволно влијаат на луѓе кои се склони кон депресија, а исто така им помагаат и на оние кои имаат асма и алергии.

Морската вода ги содржи сите лековити минерали, а елементите за чистење се содржат во морската сол и затоа капењето во море потикнува детоксикација на крвта и обновување на кожата.Морскиот воздух е полн со негативни јони, кои исто така помагаат во детоксикацијата на крвта и ткивата. Солената вода го чисти тенот и дава влажност на сувата кожа и помага кај многу кожни заболувања. Морската вода длабоко продира во кожата и со тоа мовозможува делување на минералите и елементите во трагите. Поради богатиот состав, морската вода благотворно делува на кожата и помага кај бројните кожни потешкотии како дерматитис, псоријаза и екземи.

Исто така со капењето во морската вода на организмот добива јод, неопходен во организмот за создавање на важни хормони, кои влијаат на нашиот изглед и здравје. Минералните материи од морето помагааат во нормализирањето на виталната енергија на нашиот организам.

Морето, исто така, содржи алги кои изобилуваат со минерални материи. Алгите од одамна се сметаат за извор на здравје и убавина. Го поттикнуваат обновувањето на ќелиите, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го јакнат имунитетот, спречуваат воспаленија, ја чистат кожата и помагаат во отстранувањето на целулитот.

Морскиот воздух содржи негативни јони и озон кој потикнува длабоко дишење и не полни со животна енергија.

Негативните јони го јакнат имунитетот, ја подобруваат концентрацијата, ја намалуваат несоницата, депресијата, главоболката и заморот, поволно делуваат на луѓето со астма и алергии.

Капењето во морска вода ги поттикнува функциите на органите кои филтрираат и лачат штетни материи од организмот, како што се црниот дроб, бубрезите и кожата.

Наталожените штетни материи почнуваат да се движат преку лимфите и крвотокот кон површината, а се олеснуа и процесот на лачење. Капењето во море ја поттикнува размената на материите и чистењето од штетните состојки, не само кожата и сврзувачкото ткиво, туку и комплетниот организам.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Старецот и дрвената чинија

Си бил еден старец кој живеел со синот, снаата и внукот... Кога западнал во длабока старост веќе не бил во...

Close