Не бидете себични

Се појави ненадејно. Во момент кога мислев дека веќе не можев да сакам, а и не планирав да го сакам. Но тој како да планираше… Како да знаеше дека ќе добие место во моето срце. Можеби затоа не се откажа кога првпат му кажав НЕ.

Деновите со него минуваа брзо; го очекував неговиот повик само за да ме праша како сум, неговите „глупави“ пораки кои знаеа да ме насмеат и неговите неочекувани средби, појавувања на врата, на работа или демек случајните средби низ град. Постојано ми се моташе низ глава, за подоцна да сфатам дека всушност удобно е сместен во моето срце.

Работите течеа со брзината на светлината; во еден момент беше на колена пред мене прашувајќи ме дали сакам да го поминам остатокот од животот со него. Секако дека кажав ДА. Но, изгледа животот не сакаше да каже ДА на нашата среќа. Минуваа години и години, а нашите обиди да го прошириме семејството беа неуспешни. Пробавме речиси се’, но немаше резултат. Во неговите очи ја забележував болката, болката која едноставно не можев да ја гледам таму. Бидејќи „проблемот“ како што велеа докторите беше во мене, решив да го напуштам.

Немав сила да разговарам со него, едноставно знаев дека така не можам да го оставам. Без збор заминав.

Еден месец после моето заминување ја дознав веста која толку ја посакувавме – бев бремена. Летав од среќа, почуствував дека конечно нашиот заеднички сон се исполнува, дека повторно се враќам во живот. Се спакував и тргнав.

Стоев на вратата од нашиот заеднички дом, со нетрпение очекувајќи да му ја кажам среќната вест. Но наместо тој вратата ја отвори една постара госпоѓа. Госпоѓа која се грижеше за мојот сопруг. За личноста која ми значеше се’, но сепак себично ја оставив. Не размислив дека јас сум неговиот живот, дека ќе му го скршам срцето со моето заминување.

Кога влегов ме погоди неговиот изгубен поглед… Болката во неговите очи беше поголема, преголема за неговото срце. Сфатив каква грешка направив, но овојпат не дозволив да згрешам. Не го оставив. Беше потребно време и многу труд, но успеав да го залечам неговото срце и заедно со нашиот син да бидеме среќно семејство.

А вие никогаш не заборавајте: Колку и да е голема препреката пред која стоите, истата можете да ја надминете само со Вашите сакани. Не бидете себични, не оставајте ги сами оние кои Ви значат!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Која е Баба Марта?

Според народните верувања, Баба Марта е олицетворение на пролетта, повторното прашање, новите желби и неопходност на усогласеност со природата и...

Close