НЕ ОБВИНУВАЈ НИКОГО

Никогаш не се жали на никого и на ништо
Затоа што во основа ти го направи својот живот
каков што ти сакаше.

Прифати ги напорите да се преобразиш себе си
и вредноста на обидот да се менуваш.
Триумфот на вистинскиот маж се раѓа од
пепелот на неговите грешки.

Никогаш немој да се жалиш на осаменоста
или на својата среќа, смело соочи се
со нив и прифати ги. На некој начин,
тие се резултат на твоите постапки
што покажува дека ти секогаш ќе победиш.

Не биди поразен од сопствените промашувања,
и немој да обвинуваш друг.
Прифати се себе си сега или ќе продолжиш натаму
правдајќи се како дете.
Запомни дека секоја возраст е добра
за секој почеток и дека ниту едно време
не е добро за предавање.

Не заборавај дека причината за твоето сега
е твоето минато, како што причината
за твојата иднина ќе биде твојава сегашност.

Учи од храбрите, од снажните,
од оној што не се мири со судбината,
од оној што ќе живее наспроти се.
Мисли помалку на твоите проблеми,
а повеќе на твоето создавање.

Научи да се издигнеш од твојата болка,
и да бидеш поголем од твојата најголема препрека.
Погледни го сопствениот лик во огледало,
ќе се чувствуваш слободен и снажен,
и ќе престанеш да бидеш кукла на конец
зависна од околностите,
за тебе ти си твојата судбина.

Разбуди се, гледај во изгревот на сонцето
и вдишувај го зајдисонцето.
Ти си дел од снагата на твојот живот,
исправи се, бори се, оди,
биди сигурен во себе
и ќе победуваш во животот.
Никогаш не мисли на ,,судбината”
зошто судбина е изговор за поразите.

 

– Пабло Неруда


Горазд Росоклија-превод

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
Само луѓето со богат дух можат да уживаат во осаменоста

Човек кој е интелектуално подобар од другите, од самотијата има две придобивки: првата, што е сам, и втората, што не...

Close