Не заборавајте кои сте

Една слепа девојка била многу тажна бидејќи не можела да го види светот, а единствена радост ѝ била љубовта на нејзиното момче кое постојано било со неа.

Девојката му рекла дека кога би можела само за миг да го види светот, веднаш би се омажила за него.

 Еден ден, некој ѝ подарил очи, па девојката прогледала.

Го видела светот, а потоа и своето момче. Кога видела дека момчето е слепо, одбила да се омажи за него.

Момчето ѝ оставило кратка порака за збогум во која пишувало само: „Добро грижи се за моите очи, драга моја”.

Малкумина од нас имаат доблест да останат свои и да не заборават кој бил покрај нив во најтешките мигови.

Останатите забораваат, па кога животот ќе им тргне на добро, се менуваат и не погледнуваат зад себе.

Не заборавајте кои сте и од каде доаѓате, зошто животот е тркало и никогаш не се знае каде ќе застане.

About the author: Kolevi. Mk

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
Одговорт зошто македонецот не е Proud

Царовска до Тамара: Викни “За Македонија”, последниот еднорог Вокалната солистка Тања Царовска која гради меѓународна кариера а нејзиниот глас се...

Close