Некој и никој

Губиме луѓе и од овој свет
Губиме луѓе и на овој свет
Некои си одат за навек
од овој век и свет,
а ние се надеваме дека пак ќе ги сретнеме таму горе некаде 
во некој друг свет.
Некои пак си одат за навек
во овој век,
си одат а тука се, на овој свет,
но пак подалечни ни се од оние
што отишле на другиот свет.
Секој има свој некој
и по некој никој
за кого мислел дека му е некој.
Најважно е да имаш некој покрај тебе и тој да те има покрај него.
Толку многу да се имате
за еден ден кога не ќе сте заедно
да не се заборавите,
и кога таму ќе се сретнете
пак еден со друг да се имате
и силно да се сакате.

Објавено од Мирјана Наумовска на Фејсбук

#зборови Марко Виденовиќ
#zborovi Marko Videnovic

Текстови од истата категорија:

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Ризикот не е само дел од животот, животот е ризик

Светот е празна оаза каде нашиот ум бескрајно лудо се весели...играјте си каде и да најдете задоволство нека стане вистина....

Close