Нешта што децата би сакале да ги знаат нивните учители

Кога Кајл Шварц почнала да предава во трето одделение во основното училиште Доул во Денвер, таа сакала подобро да ги запознае нејзините ученици, па затоа од нив побарала да ја довршат реченицата “Би сакал мојот учител да знае”.

Одговорите на децата и ги отвориле очите на наставничката Шварц. Taa oткрила дека некои од децата се бореле со сиромаштијата (“Би сакал мојот учител да знае дека дома немам моливи за да ја напишам домашната задача”); на некои од децата пак им недостасувал родителот („Би сакал мојот учител да знае дека понекогаш мојата задача не е потпишана, бидејќи мојата мајка е многу зафатена“, „Би сакал мојот учител да знае колку многу ми недостига татко ми, бидејќи тој беше депортиран во Мексико, кога имав 3 години и јас не сум го видел шест години”).

Лекцијата ја поттикнала Шварц, за да разбере со што навистина се сочуваат нејзините ученици надвор од училницата, за да може да им помогне тие да успеа во училиште. А кога ја поделила лекцијата на социјалните мрежи, таа станала сензација. Многу други наставници почнале да применуваат слични методи, а и и ги испратиле одговорите на нивните ученици.

                                                       „Би сакал мојот учител да знае

                                              дека сум многу попаметен од што мисли“

Во нејзината последна објавена книга „Би сакал мојот учител да знае: Како едно прашање може да смени се за нашите деца“, Шварц наведува колку е од суштинско значење за наставниците и семејствата, тоа да се биде родител.

– Навистина сакам семејства да знаат колку е тешко за наставниците, да создадат комуникација со децата. Кога децата не се чувствуваат безбедни и вреднувани, тие одбиваат да учат- истакнува Шварц.

                                                         „Би сакала мојот учител да знае

                                    дека минатата недела на мојата мајка и дијагностицираа рак,

                                              и јас само годинава три пати останав без дом“

Мелоди Молиноф од Вашингтон, која има два сина на возраст од 9 и 11 години, кои учат во државно училиште се согласува со Шварц.

– Родителите треба да ги гледаат наставниците како партнери во воспитувањето на нивните деца, а тоа е огромна одговорност која им се става на наставници и нашите училишта. Јас сакам наставниците на моите синови да ги запознаат подобро, да знаат кои се нивните предизвици, што тие сакаат- вели Молиноф.

                                                         „Би сакал мојот учител да знае

                                       дека јас многу сакам животни и се би направил за нив.

                                Би сакал да работам како ветеринар за да можат да им помагам“

Во својата книга, Шварц пишува за грешките кои би можеле да бидат спречени, доколку таа подобро ги познава нејзините ученици. Таа порано имала еден ученик по име Крис кој бил опседнат со науката. Шварц мислела дека на Крис му направила огромна услуга со тоа што му обезбедила место во летен камп за наука. Но не знаела дека неговата фамилија е во тешка финансиска состојба за да си дозволат да излезат од работа, за да можат го однесат во кампот.

Според неа училниците треба да станат средина во која децата ќе добиваат подршка, за да можат полесно да справат со тагата.

– Како наставници, знаеме дека родителите се првите и најдобри учители на своите деца и се што сакаме од нив е да работат со нас- вели таа.

 

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Шанса му е дадена на секој

Огласот гласел: „Се продава вила покрај море, 3 спрата, со базен и градина. Цена 1$“. - Глупост! - прокоментирал бездомникот...

Close