Никој не може да те повреди, ако сам не му дозволиш

Светот е суров. Луѓето се сурови, неблагодарни и злобни…И колку и да веруваме во доброто на луѓето (а ние веруваме затоа што сепак го има) секогаш ќе има и такви, кои во слабоста ќе се обидуваат да ја истурат својата злоба врз тебе…

Прашањето е дали ти ќе им дозволиш да те повредат или не! Зошто ако се сакаш и се прифаќаш себе си, тоа едноставно нема како да се случи. Нема, бидејќи ќе знаеш дека идеални луѓе не постојат. И ти не си идеален, но го прифаќаш тоа. А злобата на другите? Таа си е нивни проблем… a една приказна раскажува:

„Во Токио живеел еден голем самурај кој бил веќе стар и се повлекол за да воспитува млади ученици. Но и покрај возраста се ширеле гласини дека тој е непобедлив.

Еден ден, еден воин познат по апсолутното отсуство на морал дошол кај него. Воинот бил познат по користењето на техниките на провокација: чекал противникот да го направи првиот чекор, извлекувал полза од направената грешка и веднаш напаѓал. Младиот и неспокоен воин никогаш не изгубил битка. Знаејќи ја репутацијата на самурајот отишол со цел да го победи и да се прослави.

Сите ученици протестирале против идејата, но старецот го прифатил предизвикот…

Сите излегле на плоштадот и младиот воин почнал да го навредува стариот учител. Фрлил неколку камења по него, го плукнал во лице, навредувајќи го него и неговите предци…направил се со цел да го испровоцира, но старецот бил воздржан.

Изморен и понижен младиот воин бил принуден да се повлече. Вознемирени од фактот дека нивниот учител не би требало да трпи толку навреди учениците го прашале:

– Како можевте да го поднесете тоа? Зошто не влеговте во двобој, па макар и да ја изгубевте битката, наместо со вашите постапки да ни ја покажете својата слабост и страв?

– Ако некој дојде со подарок кај тебе и ти не го прифатиш, чиј е подарокот?

– На оној што го донесол – одговорил еден од учениците.

– Па, истото важи и за зависта, гневот и навредите – рекол учителот

Ако не ги прифатиш, продолжуваат да припаѓаат на оној кој ги носи со себе“.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
ОД КАДЕ

                ОД КАДЕ  Од каде твоите зеници во моите очи Од каде твоите...

Close