ОД КАДЕ

 

 

 

 

 

 

 

 

ОД КАДЕ 

Од каде твоите зеници

во моите очи

Од каде твоите сништа

во моите ноќи

Од каде твојата тага

во моите гради…?!

Од каде моите траги

на твоите усни

Од каде моите солзи

под твоите трепки

Од каде мојата нежност

во твоите прсти.

Од каде моето небо

во твоите очи

Од каде твојата воздишка

во моите мисли

Од каде твојата душа

во моите вени.

Па сега не знам

каде завршувам јас

а каде почнуваме ние

Ајде, ама навистина, кажи ми

од каде во мене ти?!

 

*** Mariana Qunbar ***

mirbek.com

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Прогласот на Мирка Велиновска

Макeдонци, На 30 септември, македонскиот народ во земјава и дијаспората преку БОЈКОТ го отфрли ултиматумот од Преспа, но и членството...

Close