Знаци дека сте само опција, а не приоритет

Во одреден период од животот, во одредена врска, сите сме мислеле дека сме приоритет, кога всушност сме биле само опција.

Тоа се оние моменти кога одненадеж партнерот со кој мислевте дека имате совршена врска, се врти и си заминува. И не се јавува. Никогаш.

Веројатно тогаш е предоцна за сфаќање затоа што штетата е направена, па за да се заштитите од можното кршење на срцето, добро би било на време да ги препознаете „симптомите“.

Доколку сте само опција, ќе се пронајдете во поголем дел од овие ситуации:

1. Скоро сите планови со таа личност ви се случуваат во последен момент.

2. Ги одбивате другите луѓе чекајќи да откриете дали таа личност ќе ве договори за излегување.

3. Никогаш не сте личноста која другата страна ја кани на големи и посериозни настани како семејни собири, родендени и свадби.

4. Другата страна речиси секогаш се извлекува од работите и ситуациите кои вас ви се важни.

5. Треба да помине долго време за да ви се јави или да ви одговори на пораката.

6. Очекува секогаш да се јавите кога ве бара, а кога ќе одговорите на повикот со задоцнување следува кавга.

7. Секогаш правите исклучоци за таа личност.

8. Кога се обидувате да ги одбраните своите ставови, секогаш добивате обвинување дека само сакате да се расправате.

9. Паметите се што личноста ви кажува, но таа никогаш не памети кога вие нешто сте кажале.

10. Поголем дел од времето кое го поминувате заедно ниту сте среќни, ниту задоволни од она што го добивате.

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Прогласот на Мирка Велиновска

Макeдонци, На 30 септември, македонскиот народ во земјава и дијаспората преку БОЈКОТ го отфрли ултиматумот од Преспа, но и членството...

Close