Општествени алки

Едно прваче било тажно бидејќи првиот школски ден не започнал поради штрајкот на наставниците за достојни плати. Таткото на тоа прваче, кој бил заболекар, бил многу лут поради разочараноста на своето дете и поради штрајкот на просветителите.

Едно друго дете било многу тажно бидејќи имало криви заби, а неговата мајка немала доволно пари поради својата ниска плата, па така не била во можност да ги плати протезите кај локалниот заболекар. Мајката на тоа тажно дете со криви заби, која била виолинистка во симфонискиот оркестар во истиот град, била многу лута на заболекарот поради разочараноста на своето дете.

Едно дете било многу тажно бидејќи неговиот татко немал доволно пари за да му купи билет за концертот на градскиот симфониски оркестар. Таткото на тоа дете, кој бил пекар во една фурна во градот, бил многу лут на сите музичари помеѓу кои била и погоре споменатата виолинистка и сето тоа поради разочараноста на своето дете кое не присуствувало на концертот.

Едно дете било многу тажно затоа што немало пари да си ја купи омилената кифла со крем од градската фурна. Мајката на тоа дете, која била наставничка во едно основно училиште, била многу лута и тажна поради разочараноста на своето дете, па така решила да штрајкува за достојна плата, како би можела да го усреќи своето дете, а воедно и останатите деца.

Сѐ додека не разбереме, дека ние, луѓето сме алките од синџирот кој може да ги заузди распашаните и безкрупулозни политичари, олигарси и апаши, сѐ додека не разбереме дека ние луѓето сме алки кои треба да сме поврзани помеѓу себе за да успееме за себе и за нашите поколенија, Да разбереме дека треба да бидеме сложни за да не се скине синџирот, сѐ до тогаш, нас ќе не зауздуваат во синџири и ќе не с’скаат едни на други како гладни кучиња кои ги однеле на кучешки борби за туѓи цели, а на крајот од борбата пак ќе сме повредени и гладни и зад себе ќе оставаме поколенија кои ќе бидат сѐ повеќе и повеќе разединети, тажни и незадоволни.

Општествени алки

30.08.2019

#зборовиМаркоВиденовиќ
#zboroviMarkoVidenovic

About the author: Kolevi. Mk

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
ЗВУКОТ НА ТИШИНАТА

ЗВУКОТ НА ТИШИНАТА Како пак да го слушам триесетсептемврискиот звук на тишината.Убав и моќен е како во песната на Сајмон...

Close