ПАКЕТЧЕ СО БИСКВИТИ

Една жена требала да помине неколку часа на аеродором, додека не дојде време за нејзиниот лет. За да не и биде досадно, жената си купила книга и едно пакетче бисквити, и додека си ја читала книгата, до неа седнал еден млад маж.

Тој ја подал раката и почнал да си зема бисквити од пакетчето кое било ставено помеѓу нив. Една по друга тие исчезнувале во неговата уста. Жената решила да не се расправа со момчето и не му рекла ништо, но започнала и таа да јаде од бисквитите со истото темпо со кое јадел и тој. По некое време таа навистина се налутила и си помислила : “Да не бев толку воспитана и образована, досега веќе сто пати ќе му залепев шамар на овој невоспитан човек.”

Секој пат кога жената посегнувала по бисквита, момчето исто така си земало една бисквита од пакетчето. Погледите постојано им се вкрстувале и дошол моментот кога во пакетчето останала уште една бисквита. Жената била многу љубопитна како ќе постапи бесрамникот сега. Тој ја зел последната бисквита, ја скршил на два дела, и ја подал едната половина на жената, а другата половина ја изел. Таа ја зела налутено половинката и си помислила : „Колку неблагодарен тип! Колку невоспитан! Дури ни благодарам не ми кажа!“. Во тој момент го објавиле нејзиниот лет и таа со олеснување воздивнала, станала и се упатила кон терминалот без збор. Дури не се ни завртила, ниту пак погледнала кон бесрамниот крадец. Откако се качила во авионот, таа ја отворила чантата за да ја извади книгата која ја читала. На нејзино огромно изненадување, таа открила дека пакетчето бисквити си стоело недопрено во нејзината чанта.

–  Боже мој! – си помислила жената. – Ако моите бисквити се тука, значи оние кои ги јадевме биле негови и тој ги поделил сите со мене!

Веќе било касно за да му се извини на момчето. И останало само со жал да признае дека таа била невоспитана, бесрамна и крадец, а не момчето кое предвреме го осудила како најголем никаквец!

Колку пати во животот ни се случувало да сме сигурни дека некоја работа се случила баш по некој определен начин, за на крај да испадне дека воопшто не било така… Треба да помислиме два пати пред да ги осудиме другите и пред да помислиме нешто лошо за нив, да се посомневаме во сопствените претпоставки.

 

Некои нешта не можеме никогаш да ги вратиме:

каменот фрлен во океанот,

изговорениот збор,

вистинскиот момент за некоја работа,

саканиот човек кој си заминал

и пријателството кое завршило.

 

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
МАКЕДОНСКОТО ВИНО

Приказната  за Македонското вино е приказна со безброј ликови, вкусови и тајни на рецептите  кои традиционално и со векови се...

Close