Зошто треба да оставате паричка во фрижидерот?

После одмори или подолго отсуство од дома, по дигиталните саати и тајмери кои ги имате по дома сфаќате дека некое време немало струја.

Но, колку време немало? Дали доволно долго сета храна што ја имате во замрзнувач да се одмрзнала па сега –  иако повторно замрзната –   е неупотреблива и можеби расипана?

Еве го штосот:

Замрзнете вода во шоља за кафе, врз замрзнатата вода оставете железна паричка, ставете го тоа во фрижидерот и шибајте.

Кога ќе се вратите, ако паричката останала над мразот или пак плитко во него, прекинот траел кратко. Ако долго време немало струја, водата се има стопено а паричката ќе ја најдете на дното на замрзнатата шоља.

Па да бе!

 

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
Само луѓето со богат дух можат да уживаат во осаменоста

Човек кој е интелектуално подобар од другите, од самотијата има две придобивки: првата, што е сам, и втората, што не...

Close