ПОВЕЌЕ Е БЛАГОСЛОВЕН ТОЈ ШТО ДАВА ОТКОЛКУ ТОЈ ШТО ПРИМА

Еден млад студент тргнал на прошетка со својот професор. Додека шетале и разговарале, на другата страна на патот здогледале еден пар стари чевли кои по изгледот му припаѓале на сиромашниот селанец кој работел во близината на својата нива и веќе ја привршувал својата работа.

Студентот му рекол на професорот: „Да одиме и да се пошегуваме со овој селанецот. Да му ги скриеме чевлите па да се скриеме позади грмушките и да посматраме што ќе се случи додека ги бара.“

Професорот му одговорил: „Дечко, никогаш не се шегувај на сметка на туѓата невоља и беда. Но, бидејќи си богат, можеш од ова да си дозволиш на себе големо задоволство. Стави по една златна паричка во секоја чевла, а потоа да се скриеме позади грмушките и да ја посматраме неговата реакција.“

Студентот тоа и го направил и двајцата се скриле позади една грмушка во близина. Селанецот завршил со својата работа и доаѓал од нивата до местото каде ги оставил своите алишта и своите чевли.

Додека ги облекувал алиштата, едната нога ја ставил во чевлата и почувствувал дека има нешто во неа. Прво помислил дека тоа е каменче, но брзо сватил дека тоа е златна паричка. Многу изненаден погледнал во златникот, се свртел околу себе, а потоа замислено го посматрал некое време. повторно се вртел наоколу, меѓутоа не видел никој. Го ставил златникот во џебот и тргнал да ја облекува и другата чевла. На свое изненадување, и во неа пронашол златник. Оддеднаш го совладале емоциите, паднал на колена, ја подигнал главата кон небото и започнал со молитва во знак на благодарност. Во својата молитва ја споменувал својата тешко болна безпомошна жена, своите деца кои немаат леб за јадење, а сега и се заблагодарува на раката која му ги пратила златниците со кои конечно ќе бидат спасени.

Студентот стоел длабоко потресен и со солзи во очите.

Професорот го прашал: „Да се пошегувавме со него, како што ти мислеше, дали тоа ќе те направеше среќен од сето тоа сега?“

Младиот студент одговорил: „Професоре, ми дадовте лекција која никогаш нема да ја заборавам! Сега навистина ги разбирам зборовите кои претходно не ги разбрав: Повеќе е благословен тој што дава отколку тој што прима.“

Затоа кога можеш направи добро дело, не жали поради тоа. Само следи го патот на вистинските вредности.

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Ха, ха, ха….

Оди Мујо во амбуланта и ја прашува сестрата: Извинете каде се ставаат инекции во недела? Сестрата му одговара: Во газот...

Close