Приказната за петте ѕвона

Некогаш постоел ресторан кој се викал „Сребрена ѕвезда”.
Сопственикот на ресторанот никако не можел да поврзи крај со крај, иако направил сѐ што е во негова моќ за да ги привлекува муштериите. Ресторанот бил многу пријатно место, услугата била љубезна и гостопримлива, а цените биле доста пристојни. Но и покрај сѐ што правел, сопственикот не можел да се изначуди зошто толку лошо му оди со ресторанот.

Очаен и нерасположен на крајот решил да оди кај селскиот мудрец и да побара совет. Откако мудрецот ја слушнал неговата тажна приказна му рекол:

„Работата е многу едноставна. Сѐ што треба да направиш е да го промениш името на ресторанот и ништо друго.”

„Тоа не е можно” – одговорил сопственикот на ресторанот. „Години наназад, генерации и генерации ресторанот се вика „Сребрена ѕвезда” и насекаде по околниов регион е познат токму под тоа име.”

„Не” – остро извикал мудрецот, „вака ќе направиш – ресторанот ќе мораш да го преименуваш во „Пет ѕвона”, а над влезната врата ќе обесиш шест ѕвона.”

„Шест ѕвона? Па тоа е малку глупаво. Не гледам зошто би се согласил со твојот предлог.”

„Пробај и ќе видиш што ќе се случи” – рекол мудрецот и почнал да се смешка.

Сопственикот одлучил да го послуша и направил како што го посоветувал мудрецот.

Уште наредното утро на негово големо изненадување забележал дека секој посетител на местото кој поминувал покрај ресторанот влегувал во него за да му каже на сопственикот дека има забуна со бројот на ѕвоната и името на ресторанот. Потоа откако ќе влезел во ресторанот понесен од пријатната атмосфера и гостопримливоста на вработените останувал на пијалак или си порачувал оброк.

На тој начин сопственикот и вработените почнале да заработуваат по некоја паричка, кои долги години наназад не можеле да ги заработат.

Некогаш за да успееме треба само да го промениме пристапот кон нештата. На тој начин работите ќе почнат поинаку да функционираат.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
САКАМ ПОВТОРНО ДА СЕ НАДЕВАМ

Не учеа на општите морални вредности. Кога бевме мали, родителите, кумовите, наставниците и пријателите беа луѓе вредни за почит и...

Close