ПРИКАЗНАТА НА ЕДНА СПОНЗОРУША

Млада Американка одлучува да си најде богат маж објавувајќи пост на онлајн бизнис форум. За многу кратко време добива одговор од генералниот финансиски директор на корпорацијата Џ.П. Морган, лично. Типот е брутално искрен!

Девојката:
„Ќе бидам искрена во сè што ќе напишам овде. Имам 25 години и многу сум убава. Имам стил и добар вкус. Сакам да се омажам за човек кој заработува најмалку 500.000 долари годишно. Можеби мислите дека сум алчна, но според мене заработката од милион долари годишно во Њујорк спаѓа во средна класа.

Моето барање е разумно, Дали на овој форум има некој со годишна плата од 500.000 долари, а да не е оженет? Ако има, за него имам едно прашање: Што треба да направам за да се омажам за тебе? Оние кои досега ги запознав заработуваа максимум 250.000 долари годишно и тоа изгледа е мојата горна граница. Ако некој сака да се пресели во резиденцијалниот кварт во западенЊујорк, 250.000 долари едноставно не му се доволни.

Затоа, овде понизно поставувам неколку прашања:
1. Каде најчесто се дружат богатите ергени? (наведете ми адреси на баровите во кои излегувате)
2. Која старосна година треба да ми биде таргет?
3. Зошто повеќето сопруги на богаташите имаат просечен изглед?
4. Како одлучувате која ќе биде ваша сопруга, а која само девојка?

Госпоѓица Прити”

 

Picture

Директорот на Џ.П. Морган:

„Го прочитав твојот пост со голем интерес. Постојат многу девојки со слични прашања како твоите. Дозволи ми да ти одговорам од професионален агол. Мојот годишен приход е поголем од 500.000 долари, што ги задоволува твоите потреби.

Од аспект на деловна личност, одлуката да се оженам со тебе би била лоша. Да ги оставиме деталите на страна и да се обидеме на тоа да гледаме како на размена на ‘убавина’ за ‘пари’. Личноста А нуди убавина, додека личноста Б таа убавина ја плаќа со пари.

Меѓутоа, овде постои еден сериозен проблем. Твојата убавина ќе исчезне, но моите пари нема, барем не од некоја сериозна причина. Факт е дека мојот приход може да расте од година во година, додека ти од година во година тешко дека ќе стануваш поубава.

Затоа, од економска гледна точка, јас инвестирам во имотот, а ти го амортизираш. Ако твојата сопственост е само убавината, таа за 10 години нема да вреди ништо. Со речникот на Вол Стрит, секоја трговија има почетна точка, а состанокот со тебе е ‘точка на почетокот на трговија’.

Ако падне трговската вредност на нешто, ние тоа ќе го продадеме бидејќи не е добра идеја да се чува долгорочно нешто што пропаѓа. Можеби ова ќе ти звучи грубо, но заради пропаѓањето на твојата убавина, бизнисмен би те продал или би те дал под ‘закуп’.

И пази девојко, оној кој заработува 500.000 долари годишно не е будала. Можеби ќе излезе со тебе, но нема да те земе за жена. Би те советувал да се откажеш од својата потрага по богат маж. Инаку, и самата можеш да станеш успешна и да заработуваш 500.000 долари годишно. Поголеми ти се шансите за тоа, отколку да се омажиш за богата будала!”

 

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Прогласот на Мирка Велиновска

Макeдонци, На 30 септември, македонскиот народ во земјава и дијаспората преку БОЈКОТ го отфрли ултиматумот од Преспа, но и членството...

Close