ПРИКАЗНАТА ЗА СЛАДОЛЕДОТ

Приказната за сладоледот започнува во древна Кина, каде што на кралските дворови правеле мешавина од мраз и млеко и добивале благ десерт што се смета за претходник на денешниот сладолед. Уште 3.000 годинип.н.е. Кинезите знаеле рецепт што бил сличен на денешниот сладолед.

Првиот Европеец кој го пробал сладоледот бил Марко Поло, кој на враќање од Далечниот Исток, во 1292 година, за него напишал дека претставува леден десерт што се служелна дворецот на Кублај Кан, кој се наоѓал на територијата на денешен Пекинг.

За првотодоаѓање на сладоледот во Европа заслужни се Арапите, кои во времето на своето владеење во Сицилија, ги научиле Италијанците за вештината на замрзнување најслаткиот крем. Старите Римјани уживаале во волшепствата на сладоледот, па така римскиот цар Нерон мешал снег и мраз донесен од планините со овошен сок и сечкано овошје и добивал водена мешавина слична на денешниот сладолед. Во Европа сладоледот го донеле Арапите, а на англискиот двор пристигнал во 17 век.

Индустриското производство почнува во Америка кон половината на 19 век, кога е измислена првата машина за правење сладолед. Подоцна, во почетокот на 20 век се јавуваат разни облици на сладолед – прво корнет, а потоа и сладолед на стапче, облици што до денешен ден останаа најомилени меѓу љубителите на сладоледот.

Еве ги неговите добри страни. На вас останува само да не претерувате. 
Уживајте скромно!

1. Сладоледот е богат со калциум

На возрасните луѓе им е потребно околу 1.000 милиграми калциум дневно, додека пак трудниците и децата имаат поголема потреба од овој минерал. Благодарение на млекото кое е основна и најважна состојка, сладоледот добро ќе ви послужи како еден од изворите на калциум, но и на витамините А и Б. Сладоледот е богат извор на минерали како калциум и фосфор. Освен тоа што помага да се зацврстат коските и да се спречат болести на коските, научниците потврдуваат дека калциумот помага да се намалат можностите за создавање камења во бубрезите. Калциумот спречува чести промени на рсположението и предменструални симптоми – уште една причина да не се откажете од сладоледот!

2. Сладоледот помага во одржувањето на телесната тежина

Некои истражувања тврдат дека калциумот условно ја смалува калориската вредност на сладоледот, која изнесува од 125 до 300 калории на 100 грама. Тоа никако не значи дека со редовно јадење сладолед вие ќе ослабете, туку дека тој претставува „помал грев“ во однос на останатите десерти.

3. Сладоледот содржи витамини и актиоксиданси

Со јадењето овошен сладолед кој се прави од смрзнато или свежо овошје ги внесувате неоппходните витамини во вашето тело, а оние со вкус на кафе или чоколадо го осигуруваат внесувањето на антиоксидансот полифенол, кој го штити срцето и крвните садови и го зајакнува имунолошкиот систем. Сладоледот е богат извор на витамини. Содржи витамин А, Б6, Б12, Ц, Д и Е. Исто така, содржи тиамин, рибофлавин, ниацин и калиум, кој спречува згрутчување на крвта.

4. Обезбедува енергија

Сладоледот е одличен извор на енергија. Има висока хранлива вредност. Содржи јаглехидрати, масти и протеини, кои се основни за енергија. Ако ви треба енергија, земете сладолед, ќе ви ја задоволи и потребата за шеќер.

5. Ја стимулира работата на мозокот

Сладоледот го стимулира тромботонинот, хормон на среќа, и помага да се намали нивото на стрес во телото. Сладоледот се прави од млеко, кое содржи Л-триптофан, потребен за релаксирање на нервниот систем. Овој сладок десерт спречува и несоница.

6. Сладолед во зима

Важно е да се знае дека сладоледот се препорачува да се јаде и во зима, бидејќи на ниските температури, телото не доживува состојба на шок поради температурната разлика меѓу средината и храната која ја внесуваме. При запаленијата на грло, кои се чести во зимските месеци, исто така е добро да се јаде сладолед, бидејќи неговата ниска температура ги елиминира бактериите од грлото и не дозволува нивно понатамошно ширење. Добар пример за ова се жителите на скандинавските земји кои многу повеќе конзумираат сладолед во зима, па затоа помалку заболуваат од запаленија на дишните патишта.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Венчален прстен – видео

Зошто венчаничкиот прстен се носи на четвртиот прст од раката и што симболизираат прстите? Краток приказ преку симболиката на прстите. Пробајте...

Close