Вредната и среќна мравка

Си живеела еднаш една среќна и вредна мравка која секој дена доаѓала рано на утро  прва на работа. Цел ден работела вредно, била весела, вредна и додека работела си потпевнувала весели песнички.  Таа била среќна додека работела и нејзините резултати биле одлични, но работела без насоки затоа што немала шеф. Затоа господинот стршлен, директорот на фирмата одлучил дека таквата ситуација не може да потрае и  ја вработил буба марата која имала големо искуство во управувањето.

Првата грижа на буба марата  била  да  организира следење на доаѓањето и заминувањето на мравката. За таа цел вовела  систем на евиденција на доаѓање и напуштање на работното место.

Поради зголемениот обем на работа околу докумантацијата вработиле и секретарка која подготвувала документи и извештаи. Пајакот кој бил поставен на функција веднаш воспоставил систем на архивирање и станал одговорен  за превземање на телефонските повици.

Во меѓу време среќната мравка само си работела, си работела …. Директорот стршлен би воодушен од извештаите што ги добивал од буба марата  и наскоро посакал споредбени студии со графикони на трендовите на развој.

Поради зголемениот обем на работа неопходно било да вработат и крт кој директно би му помагал на директорот и затоа веднаш му купиле нов компјутер и печатач. Набргу среќната мравка почнала да се жали на административната војска со која морала да се бори.

Директорот увидел дека е потребно веднаш да се реагира. Креирал ново работно место, шеф на служба кој директо би ја надгледувал среќната и вредна мравка. На новото работно место го вработил штурецот кој веднаш по доаѓањето го сменил целкупниот мебел во канцеларијата и си набавил соодветна обликувана столица и нов компјутер со ЛЦД екран.

Бидејќи пораснал бројот на компјутери  моралао да се купи и да се инсталира мрежен сервер. Новиот шеф на службата сватил дека итно му е потребно помошник (кој му бил и во претходната фирма) за подготвување на стратешки нацрт за управување и пресметки во фирмата.

Во позадината на целата приказна мравката била се помалку среќна и се помалку продуктивна.

Шефот, штурецот со воодушевување заклучил дека треба да се изготви студија за социјалното расположение, храмонија и задоволството на вработените во фирмата. Кога директорот стршлен ги погледна бројките сватил дека фирмата во која работела среќната и вредна мравка  повеќе не е рентабилна како порано и длабоко се замислил. Изнајмил елитен советник, господинот буф кој требало да направи детална ревизија на фирмата и да предложи решение за подобрување на ренатабилноста,  за фирмата да работи како порано.

Господинот буф по три месечно детално анализирање на односите во фирмата  на директорот му го предал следниот извештај: „Во фирмата има премногу вработени!“ Директорот стршлен ја прифатил стручната анлиза и веднаш ја отпуштил мравката.

ПОУКА:

Никогаш немојте да бидете среќна и вредна мравка. Многу повеќе се исплатува да се биде неспособен и ништо да не се работи.  Неспособните немаат потреба од сопствен надзорник.

Ако  покрај се сте продуктивни,  немојте да покажете дека сте весели додека работите бидејќи за тоа нема оправдување. Ако сепак сакате да сте вредна мравка,  отворете соспствена фирма и така нема да мора да работите за стршленот, буба марата, пајакот, кртот, штурецот и бувот.

За жал целата приказна се темели  на научни истражувања кои велат дека  повеќето луѓе сепак  тежнеат кон паразитски живот.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
НЕ ОБВИНУВАЈ НИКОГО

Никогаш не се жали на никого и на ништо Затоа што во основа ти го направи својот живот каков што...

Close