Разговорот на ѕидарите

Двајца ѕидари разговараат за својата работа:

Првиот ѕидар: „По цел ден само редам тули една над друга. Доаѓам рано наутро на работа и редам тули сé до ручек. После ручекот повторно редам тули до крајот на работното време. Единствено задоволство во мојата работа е кога ќе дојде петок попладне, бидејќи тогаш добивам плата за изминатата недела”.

Вториот ѕидар: „Јас градам куќи. Секој ден додека работам, цело време мислам на луѓето кои во нив ќе живеат. Размислувам колку ќе бидат радосни кога за прв пат ќе го здогледаат својот нов дом. Размислувам за децата кои во нив ќе растат. Размислувам на луѓето кои ќе ги уредуваат и кои ќе ги викаат „свој дом”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Одмаздата на изневерениот војник

За време на воената служба во Авганистан  еден војник добива писмо од  својата девојка  во кое му признава дека го...

Close