Ризикот не е само дел од животот, животот е ризик

Бојана Коштрева

Светот е празна оаза каде нашиот ум бескрајно лудо се весели…играјте си каде и да најдете задоволство нека стане вистина.

Да направиме голем скок ! – да избереме помеѓу она што навистина сме подготвени да го сториме и она што го сакаме, а надежта почнува кога на лагата му се става крај.

Во денешниов свет се е подредено на тоа да се избегнат ризиците живееме во поинаков свет од нашите предци, во минатото тие седеле околу огнот и талкале низ шумите во потрага за храна денес безбедноста на животот е примарна автомобилите се тестираат и гарантираат безбедност инсталираме системи за безбедност во нашите домови, осигурани ни се сопствените животи и животот на наредните три последователни генерации дури и уредите со кои управуваме се тестирани и потенцијалниот ризик е сведен на минимум сите мерки на претпазливост се постигнати..навидум да но тоа не не прави целосно заштитени, а уште помалку задоволни.

Ризикот по природа е нешто страшно- неизвесно и непредвидливо може да ја изгубите вашата животна заштеда или да го изгубите образот експонирани на критики и понижување и ситуација во која ќе мора да почнете се одново тука наградата може да биде голема но и загубата исто. Низа од можности, да се ризикува не мора секогаш да значи нешто опасно може да биде и забавно избегнувајќи ризик избегнувате да го искористите целиот потенцијал и да ја пропуштаме авантурата наречена живот.

Во секојдневието се соочуваме со многу поблаги облици на ризик но голем број од нас не се подготвени да ги прифатат ,не се одлучни и тоа е она што ги разликува од успешните луѓе кај нив постои едно зло: стравот !

Едни само живеат во својата школка на тивок и безбеден живот останатите ризикуваат и се фаќаат во костец со сите прилики,тие се закон самите за себе и точно знаат што да прават,дури и кога губат тие стануваат и продолжуваат понатаму свесни дека се обиделе.

Тоа е клучниот фактор да се прифати фактот дека поразот понекогаш е составен дел од успехот кога станува збор за преземањето ризик постојат две крајности луѓе кои се плашат дури и од разумни ризици сакајќи загарантирани резултати тоа ги доведува до пасивен живот со изгубен сјај ограничен од соништа, таленти и способности -други пак храбро се подготвени да ги исполнат сопствените визии понекогаш ќе успеат некогаш нема но пропустите се тука за да сфатиме дека за успех не постои магична формула, за управување со ризикот потребно е планирање со отворени очи и промислено фрлање во непознатото.

Факт е дека животот не доаѓа со гаранција и не мора да се биде коцкар по природа за да се ужива во возбудата која ја носи ризикот затоа што секогаш ќе постојат десет причини зошто не треба да ризикувате и само една зошто треба, а таа чека на крајот од патот или ќе направите нешто или ќе е крај на приказната а на крајот секогаш жалиме за пропуштените можности и работите кои не сме ги направиле .

Потпишано од Бојана Коштрева

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Кое дете ја скршило вазната?

Ставете се во ситуација дека сведочите на следната сцена: пред вас стојат 4 деца, една мајка, а на подот има...

Close