Само луѓето со богат дух можат да уживаат во осаменоста

Човек кој е интелектуално подобар од другите, од самотијата има две придобивки: првата, што е сам, и втората, што не е со другите – Артур Шопенхауер

Шопенхауер, кој својот живот го поминал како човек кој ја сака осаменоста, често пати велел дека само луѓето со богат дух уживаат во осаменоста. Тој сметал дека оние кои постојано се во потрага по социјални контакти се духовно сиромашни луѓе.

Големите филозофи како Ниче и Кјеркегор, ја сакале осаменоста, а Емили Дикинсон, Херман Хесе и Леонардо да Винчи посебно уживале во неа. Да Винчи дури и бил убеден дека само во осаменоста можеме да си припаѓаме на себеси. И големиот Микеланџело бил доста дружељубив, но кога луѓето ќе ја забележеле неговата генијалност, започнувала љубомората и зависта. Кога сфатил, тој се повлекол и ги избегнувал луѓето.

Многу големи мислители живееле во самотија, не затоа што сметале дека се подобри од другите или поради ароганцијата или нарцисоидното растројство, туку затоа што постојано биле несфатени од страна на „масата“.

Наместо да го трошат времето на празни разговори и плитки луѓе, генијалните луѓе повеќе сакаат да поминат време во осаменост за да му се посветат на она што ги фасцинира. Исто така, тие не ги избегнуваат луѓето затоа што не ги сакаат туку затоа што се уморни од монотони погледи кон светот и бесмислени разговори за баналностите кои не водат никаде.

Еден голем мислител рекол дека не водел дискусија со паметен човек, а еден со друг да не се убедат во нешто. Но, кога и да водел расправа со будала, тој ќе изгубел.

„Докажано е дека интелигентните луѓе често се чувствуваат изолирани од луѓето околу себе, бидејќи различно се гледаат себеси и различно го доживуваат светот. Тешко е да се најде некој кој информациите ги преработува исто како вас, кога вашиот мозок функционира како мозокот на 2% од светската популација“, вели Ана Кларксон, портпарол на „Mensa International“.

Дали интелигентните луѓе се помалку друштвени?

Не. Тие дури и се многу друштвени бидејќи имаат повеќе чувства, поголема емпатија и се почувствителни од другите. Пријателството со интелигентните луѓе ни ги отвора хоризонтите и доведува до максимумот на човечката можност да го искуси светот. Интелигентните луѓе некогаш се истакнуваат и остануваат бесмртни, а некогаш едноставно исчезнуваат засекогаш и оставаат траги позади себеси.


Автор: Харис Ибрахимовиќ

Извор: fakulteti.mk

About the author: Kolevi. Mk

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
Чистота на мислата и на срцето

Чистота на мислата и на срцето Старо правило е дека секое екстремно растегнување на нештата во една насока, предизвикува реакција...

Close