Самобендисани хороскопски знаци

На овие хороскопски знаци никогаш нема на прво место да им дојде некој друг. Тие мислат само на себеси во сите ситуации и се сметаат за подобри од другите.

Еве за кои знаци станува збор:

Бик

За Биковите компромис не постои. Тие во секоја ситуација се прилагодуваат според нивните потреби и желби, а многу се тврдоглави кога ќе се обидете да им објасните зошто некој друг начин можеби би бил пободар за нив. Се дружат само со истомисленици, а на критики реагираат многу агресивно.

Девица

Иако од една страна се многу несигурни и полни со комплекси, Девиците се многу самобендисани личности. Многу сакаат самите да се фалат себеси пред други луѓе, не се радуваат на туѓиот успех и секогаш мислат дека се во право. Поради тоа многу лесно ги губат пријателите, бидејќи со текот на времето стануваат напорни.

Лав

Кралеви на сите нарцисоидни личности се луѓето родени во знакот на Лав. Лавовите отворено ќе ви кажат зошто сметаат дека се подобри од вас и ако се обидете да им противречите поприлично ќе ве изнавредат. Тие се гласни, секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието и најмногу сакаат да се дружат со интровертни личности бидејќи не можат да трпат да бидат во нечија сенка.

About the author: Kolevi. Mk

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
Одговорт зошто македонецот не е Proud

Царовска до Тамара: Викни “За Македонија”, последниот еднорог Вокалната солистка Тања Царовска која гради меѓународна кариера а нејзиниот глас се...

Close