SANSEVIERIA или Индијанско перо

SANSEVIERIA кактусот, „Индијанско перо“, „Свекрвин јазик“ се користи како лек и тоа како природен прочистувач на воздухот, што може да има многу големо значење за вашето општо здравје.

Оваа билка е една од најважните препорачани растенија за подобрување на квалитетот на воздухот. Оптимално место за оваа релативно евтина и лесно одржлива билка е вашата спална соба, бидејќи навечер таа има способност јаглеродниот диоксид да го претвора во кислород.

Во прегледот на најдобри евтини билки за подобрување на квалитетот на внатрешниот воздух, овој кактус е препорачан од НАСА.

Од тие причини, оваа билка е позната како „билка за спална соба“. Додека повеќето билки го одзимаат кислородот навечер, оваа го ослободува во отсуство на сонце. Сансевирија кактусот исто така, го филтрира формалдехидот трихлороетилен, ксилен, толуен и бензен од воздухот. Се препорачуваат 6-8 страка висока билка по човек, за оптимално производство на кислород.

Сансевирија кактусот и зрачењето

Освен што го прочистува воздухот од токсични материи, овој кактус и зрачењето се исто така поврзани, во здравствена смисла. Оваа билка исто така го оплеменува воздухот со негативни јони, кои хронично недостигаат во затворениот простор.

Негативните јони наголемо го подобруваат лошиот квалитет на воздухот, предизвикан од греењето, од дејството на климите и зрачењето на другите електрични уреди.

Истражувањата потврдуваат дека негативните јони значително влијаат врз нашето општо здравје: ги витализираат клетките, го подобруваат метаболизмот, концентрацијата и будноста, ја зголемуваат отпорноста на болести, помагаат при главоболки, алергии и астма.

Покрај тоа, Сансевирија кактусот има способност да го впива штетното електромагнетно зрачење (на пример од компјутерот).

Сето ова говори дека оваа билка е одлична собна билка која просто мора да ја имате во својот дом и канцеларија. Освен што е прилично лесна за одржување (успева на светло место, но не на директна изложеност на сончева светлина, во текот на летото се полева на 7 до 10 дена, а во зима еднаш месечно со одстојана вода), многу е корисна за вашето општо здравје.

About the author: Kolevi. Mk

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
ЗВУКОТ НА ТИШИНАТА

ЗВУКОТ НА ТИШИНАТА Како пак да го слушам триесетсептемврискиот звук на тишината.Убав и моќен е како во песната на Сајмон...

Close