Сиромашната жена и стиснатиот продавач

СИРОМАШНА ЖЕНА влегла во продавница барајќи роба на „вересија“. Следувал шок!
Лујза Редан, мизерно облечена жена, влегла во продавницата. Се приближила до сопственикот на продавницата на најпонизен начин и го запрашала дали може да и даде некои од намирниците. Нежно, објаснила дека дека нејзиниот маж е тешко болен и дека не е способен за работа. Дека имаат седум деца и дека им е потребна храна.

Џон Лонгхаус, трговец, се извикал силно и грубо побарал од жената да ја напушти неговата продавница.
Објаснувајќи ги потребите на своето семејство, таа рекла: „Ве молам господине! Ќе ви донесам пари што поскоро.“ !
Тој одговорил дека не може да ја кредитира, зашто нема отворена сметка во таа продавница.

Стоејќи покрај касата, друг купувач ја слушнал конверзацијата меѓу овие двајца. Купувачот дошол до трговецот и му рекол дека е спремен да плати се` што на оваа жена и е потребно за семејството.
Трговецот со многу сериозен глас запрашал:
„Имате ли список за она што ви е потребно?“
Лујза одговорила:
„Да, господине“.
„Во ред“ и` одговорил, ставете ја вашата листа на намирници на вагата и колку што тежина ќе покаже вагата, ќе ви дадам производи во еднаква вредност“.
Таа се колебала едно време со спуштена глава. Тогаш посегнала во својата торбица, зела хартија и нешто напишала на неа. Потоа, внимателно го ставила парчето хартија врз вагата, стоејќи и понатаму со спуштена глава.

Очите на трговецот и на купувачот појкажувале неверување додека гледале каkо вагата се спушта до крајната точка и останува спуштена на едната страна. Трговецот, стоејќи покрај вагата, се свртел на кај купувачот и нерасположено рекол: „Во ова , не можам да верувам“!

Купувачот се насмевнал, а трговецот почнал да става производи на другата страна на вагата за да се изедначи тежината на едната и другата страна.
Тој продолжил да става намирници, се` додека врекичката не можела веќе да издржи. Трговецот останал со израз на шок. Најпосле, го зел во своите раце парчето хартија, прочитал и останал запрепастен.

Тоа не била листа за производи за купување. Наместо тоа била молитва која вака изгледала:
„Мил Господе, Ти ги знаеш моите потреби и ова го оставам во Твоите раце“!

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close