Снаи и свекрви

Една девојка по име Хуанг се омажила и отишла да живее кај својот сопруг и неговата мајка. За кратко време Хуанг сфатила дека нема  да живее во мир со својата свекрва.

Хуанг  и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. А фактот дека Хуанг, според древниот кинески обичај морала да се покорува, уште повеќе ја отежнувало состојбата.

Поради овие кавги и неслога во домот, мажот ужасно страдал.

На крај, Хуанг повеќе немала сила да го издржи лошиот карактер на свекрвата, па решила што побрзо да направи нешто.

Отишла кај еден познат билкар. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да и продаде отров, за да може да го реши проблемот.

Човекот се замислил и рекол: “Хуанг, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Хуанг прифатила.

“Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа еве ти повеќе чајеви кои полека ќе го трујат нејзиниот организам. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Сепак, мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа мора да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа, биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“

Хуанг  била пресреќна. Се заблагодарила и поитала дома за што побрзо да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале седмици, месеци…Хуанг  секој ден и сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој и нагласи дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата.

После 6 месеци атмосферата во домот била многу поинаква.

Хуанг научила толку добро да се контролира, што повеќе не се лутела ни била нервозна. Немала ни една причина за тоа од страна на свекрвата во последните 6 месеци. Свекрвата била многу понежна, па обостраното разбирање навистина се забележувало. Нејзиното однесување кон Хуанг се сменило, па дури почнала да ја сака како родена ќерка.

Хуанг и нејзината свекрва сега се однесувале како мајка и ќерка.

Хуанг  еден ден отишла повторно кај билкарот и го замолила за помош. Барала од него лек за да го спречи отровот. Таа е сега прекрасна жена и ја сакам како мајка, рекла Хуанг. Не сакам да умре од отровот што и го давав.

Билкарот и одговорил: “Никогаш не сум ти дал отров. Тоа беа витимани кои го подобрија нејзиното здравје. Единствениот отров беше во твоите мисли, но сега и тоа го нема!“

Во Кина се вели: Човекот што ги сака другите, е човек што е сакан од другите!

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Никој не може да те повреди, ако сам не му дозволиш

Светот е суров. Луѓето се сурови, неблагодарни и злобни…И колку и да веруваме во доброто на луѓето (а ние веруваме...

Close