Создавател

Создавател

Јас куќа да изградам
од камен да ја издигнам
за во неа да те затворам,
не умеам.
Ама срце да отворам
и во него да те приберам
па така да те заштитам,
е тоа умеам.
Јас брод да изградам
за на него да те качам
и заедно во непознато да запловиме,
не умеам .
Ама килим од љубов, волшебен,
да ти исткаам
та на него двајцата да се гушнеме
и од љубов во облаци да запловиме,
е тоа можам.
Јас љубов да направам
и тебе да ти ја подадам
за ти мене да ме осипаш со неа,
тоа не умеам,а и не сакам.
Ама со љубов да те полеам,
за со среќа да те облеам,
та душата со топлина да ти ја наполнам,
и така без сила да ме засакаш
да те натерам,
е тоа ќе се обидам,
и од срце ќе се надевам
дека јас ќе успеам.
За да успеам ќе треба да се обидам,
а за да се обидам ќе ми требаш ти.

 Објавено на фејсбук профилот на Мирјана Наумовска

Be the first to comment

Comments & Reactions

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ!

ВЕДРАНА РУДАН: НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ! Вие кои немате дете, ни дете од своето дете, немате идеја...

Close