СТРАНЕЦ

КАКО ОТУЃЕН БРАН,
ЗАПЛЕТКАН НА БРЕГОТ НА СОНОТ
ВО НЕПРОБОЈНАТА МРЕЖА НА НОЌТА
ГО ФАЌАМ ВЕТЕРОТ ДА ГИ РАСПНЕ ЕДРАТА,
ДА МОЖАМ ДА ЗАМИНАМ.
ЧЕКАЈЌИ ЈА ЗОРАТА
КАРАВАНОТ НА МИНАТОТО,
ГИ НИЖЕ РАСЕАНИТЕ МИСЛИ
И СЛУШАЈЌИ ГО ВЕТРОТ НА ТАГАТА,
ПРЕТОЧЕН ВО МОЌТА НА ЗАБЛУДАТА,
СО СВОЈАТА ТИШИНА
ГО ПРЕГРНУВАМ СТРАНЕЦОТ ВО СЕБЕ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Најважните нешта во животот

Сакајќи да ги научи своите студенти кои нешта се најважни во животот, еден професор зел празна тегла и ја наполнил...

Close