SUMMER TIPS & TRICKS

1. Стануваш во 4 сабајле и зафаќаш 6 лежалки- 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После се враќаш во кревет и спиеш до 12 на пладне.

2. На плажа ти требаат 8 квадрата: 5 за пешкирот и 3 за апостолките.

3. Задолжително да се понесе лап топ, ајпод, блекбери, камера, транзистор и апарат за да се прати слика на фејсбук.

4. Книга не смее да се носи, тежи.

5. Ако немаш чадор за сонце, намести се така чадорот за сонце на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале.

6. Радиото треба да свири турбо фолк, а мобилниот Бах.

7. За деца до 12 г нема потреба да се инвестира во купаќи. Деца се.

8. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

9. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е алфа-мејл.

10. Најголемо задоволство е лубеница да се јаде на плажа, а корупките да се остават ПОКРАЈ кантата. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата.

11. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е лејди.

12. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Врање 5 лежаљки подалку од твојата.

13. Ако не ти е е сменета постелината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.

14. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол инклузив!

15. Во хотелите ол инклузив во тањирот се става од све по многу, сум платил ќе ставам. Пола од тоа не се јаде, ама битно се земало.

16. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси, после да заспијат поубаво.

17. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дур од Македонија па не се слуша

18. Купачите најубаво се сушат опнати горе на чадор за сонце.

Odmor

19. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во ист тањир – кој вика дека не идат риба и баклава?

20. Не си бил на море ако не купиш оригинален Луј Вутон на плажа.

21. На децата им купуваш свирчиња, зашто вувузелите се потрошиле.

22. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.

23. Боја мора да се нафрли по секоја цена. Најубаво е да се мачкаш после со кисело млеко, само тоа е добро. Хемикалии со заштитен фактор никако, све е тоа фармацевтски бизнис.

 

ПРИЈАТЕН ЛЕТЕН ОДМОР, УБАВО ДА СИ ПОМИНЕТЕ КАДЕ И ДА ОДИТЕ!!!  🙂

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close