Очи

Нема секогаш солза да видиш,
за да знаеш кое срце е тажно,
оти може солзите да пресушиле,
ако срцето долго тагувало.
А ти ако си во тој миг,
пред тие очи што за солза жедни се,
треба само во нив
Продолжи понатаму...

Да прелее

Натопи ја душата
во прегратки и бакнежи,
да омекне од крутоста секојдневна.
Да омекне од штиракот
секој ден што ја полева,
направен од стравот
од оние што со болки ја боцкаат,
ја парчосуваат како ветерот
пајажина кога кине.
Натопи ја,
Продолжи понатаму...

Ден

Ден

Цвет денес нема да ти подарам,
оти тој во корен пресечен ќе биде
и во рацете ќе ти се исуши
и срцето ќе ти го натажи.
Јас цвет ќе ти бидам,
а и ти мене.
Денес јас ист ќе
Продолжи понатаму...

Убост

Таа е .. пролет и лето,
но, Ти од неа правиш .. есен и зима !
Таа е .. букет од милост и љубов,
а, Ти и’ даваш .. сал трње и грубост !
Тргни се од неа .. и’
Продолжи понатаму...

Создавател

Создавател

Јас куќа да изградам
од камен да ја издигнам
за во неа да те затворам,
не умеам.
Ама срце да отворам
и во него да те приберам
па така да те заштитам,
е тоа умеам.
Јас брод да изградам

Продолжи понатаму...

До земја те сакам

Човек е како капка.
Од небото паѓа
залетано и брзо.
И животот е таков
невидлив и брз.
Како капка живееш
и најчесто паѓаш.
Кога во нешто ќе удриш
ќе се одбиеш и ќе се кренеш,
за миг ќе се освестиш,

Продолжи понатаму...
1 2 3 4