Вашата иднина не мора да биде иста како вашето минато

Не мора да се дефинирате според вашето минато. И сосема сигурно, вашата иднина не мора да личи на вашето минато, освен ако вие не го дозволите тоа.

Се разбира, некои делови од вашето минато биле супер, но…

Популарното дете веќе не е толку популарно сега.
Најдобриот спортист на училиште не секогаш станува врвен спортист
Детето актер не секогаш успева на големото филмско платно

Спротивно на тоа…

Бубалицата станува Бил Гејтс.
Грејачот на клупата станува Мајкл Џордан.
Сиромашното, злоставувано девојче станува Опра.

Понекогаш моќните ќе паднат ниско, а понекогаш паднатите се воздигнуваат и стануваат големи. Понекогаш мислите дека не сте доволно добри, за потоа да откриете дека сте токму на место.

Кога иднината би морала да биде иста како вашето минето, не би ви требал ветробран на вашиот автомобил, би го возеле со вашите очи приковани во ретровизорот. Но возењето на овој начин – гледајќи само во тоа што е зад вас – е сигурен начин да предизвикате несреќа. Наместо тоа, важно е да учите од вашето минато, да го проверувате вашиот ретровизор од време на време, но да останете фокусирани на патот пред вас.

Сите сме правеле грешки и погрешни одлуки во минатото. Сите сме луѓе. Но, можеме да научиме лекција од тие погрешни одлуки и да започнеме нова иднина токму од овој миг. Всушност, најточниот образец за вашата иднина е токму сегашниот миг. Тоа што токму во овој момент го правите ќе ја обликува вашата иднина многу повеќе отколку вашето минато. А со секој нов момент доаѓа нов подарок – нов почеток. Искористете го тој момент. Вашата иднина зависи од него.

Објавено на Мотика

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Пабло Неруда – Не заборавај да бидеш среќен

Полека умира оној кој не патува, оној кој не чита, оној кој не слуша музика. Оној кој е незадоволен со...

Close