Веќе немам …

Веќе немам трпение за некои работи, не затоа што сум станал арогантен, туку едноставно затоа што сум до една точка во животот кога не сакам веќе да трошам време на она што ми е непријатно, или на она што ме повредува. Веќе немам трпение за цинизам, за претеран критицизам и барања од каква и да е природа. Ја изгубив волјата да им угодувам на оние на кои не им се допаѓам, да го сакам оној што не ме сака, и да им се насмевнувам на оние кои не сакаат да ми се насмевнат.

Веќе не трошам ни минута на оние кои лажат или сакаат да манипулираат. Решив веќе да не коегзистирам со претенциозноста, лицемерието, нечесноста и евтините пофалби. Не толерирам селективна ерудиција ниту пак академска ароганција. Не се вклопувам ниту во популарното трачарење. Мразам конфликт и споредби. Верувам во свет на спротивности, и затоа одбегнувам луѓе со ригидни и нефлексибилни карактери.

Во пријателството не го сакам недостатокот на лојалност и предавството. Не ми оди добро со оние кои не знаат како да дадат комплимент или збор на поддршка. Претерувањата ми се досадни и тешко ми е да ги прифатам оние кои не сакаат животни. И над сè, немам трпение за кој и да е кој не го заслужува моето трпение”

1 Comment on Веќе немам …

  1. Ја изгубив волјата да им угодувам на оние на кои не им се допаѓам, да го сакам оној што не ме сака, и да им се насмевнувам на оние кои не сакаат да ми се насмевнат.

Leave a Reply

Read more:
Која е Баба Марта?

Според народните верувања, Баба Марта е олицетворение на пролетта, повторното прашање, новите желби и неопходност на усогласеност со природата и...

Close