Ацо Шопов – „Ветрот носи убаво време“

Ветрот носи убаво време.
Вилнее, јачи во нас.
Ветрот носи убаво време.

Убавото е убаво и поминува.
Останува тагата.
Понекогаш она нè обзема полека,
легнува на нашите очи,
и густо напластена
погледот ни го смрачува.
Тогаш нешто страшно тегобно и болно,
нешто големо и наше, непојмливо за другите
нè измачува.

Но некогаш тагата нè докоснува како трепетлика,
како измаглина над жуберлива река
крај која стоиме загледани бесцелно и немо.
Тогаш сите предмети прилегаат на сказна
па велиме: невозможно, колку е сè убаво.

Ветрот вилнее и јачи.
Ветрот носи убаво време.

 

Поетска творба од истоимената збирка на Ацо Шопов, „Ветрот носи убаво време“ (1957)

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close