Вистинскиот пријател е …

„Вистинските пријатели се оние што се со нас кога ни се случуваат убави работи. Не подржуваат, се радуваат за нашите успеси. Лажни пријатели се оние што се јавуваат само во тешките моменти, со тажни лица, “солидарни”, а всушност нашето страдање ги теши во нивните бедни животи…“

Пауло Коељо

Вистински пријател е човекот…
Со кого ти е добро дури и кога и двајцата молчите.

Вистинскиот пријател е човекот…
Пред кого најчесто се смееш, но слободно можеш и да заплачеш…

Вистинскиот пријател е човекот…
Kој што те разбира дури и кога ти самиот не се разбираш.

Пријателот е подарок кој што си го подаруваш сам на себе.

Вистинскиот пријател е човекот…
Koj тајно те опоменува, јавно те фали.

Вистинскиот пријател е човекот…
Кој ти ги знае сите недостатоци, но и покрај тоа те сака и секогаш е тука за тебе во добро и во зло.

Вистинскиот пријател ја гледа твојата тага, додека сите останати и веруваат на твојата лажна насмевка…

Вистинскиот пријател, свети во мракот.

Единствен начин да имаш пријател е да бидеш пријател…

Вистинскиот пријател е човекот…
Кој ќе остане покрај тебе дури и кога сите други те напуштат.

Вистинскиот пријател е човекот…
Кој е секогаш искрен со тебе, затоа што тој знае дека ќе го разбереш.

Вистинскиот пријател е човекот…
Кому можеш да му простиш за некои работи кои на другите не би им ги опростил.

Вистинскиот пријател е човекот…
Кој продолжува да биде со тебе, дури и кога сите останати одат по своите патишта.

Кој нема ниту еден пријател, оди како странец по својата земја.

About the author: Kolevi. Mk

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
Само луѓето со богат дух можат да уживаат во осаменоста

Човек кој е интелектуално подобар од другите, од самотијата има две придобивки: првата, што е сам, и втората, што не...

Close