Вистинското во нас

Eден признат стручњак од областа на човечкиот потенцијал држи предавање. Во воведниот дел од предавањето тој зема еден портокал во раката и покажувајќи го кон публиката ги запраша…

– Ако со сета сила го стегнам овој ПОРТОКАЛ, што би излегло од него?
Една девојка од првиот ред веднаш дофрли:
– Тоа ви е многу глупаво прашање… Ако го стегнете портокалот, логички е дека од него ќе истече сокот од портокал. Тоа е она што е внатре во портокалот и не може ништо друго да излезе !!!
– Вашиот одговор е точен – и рече стручњакот… Тоа е и одговорот на моето прашање. Причината, зошто од портокалот излегува само сок од портокал е тоа бидејќи само сокот е внатре…

Но, сега доколку ја прошириме метафората и замислиме дека ВАС некој така ве стегне… Да ве стегнат сите ваши проблеми, грижи, стравови, некој да ве оговара, да ве навреди, да ви нанесе болка и сл… Од вас тогаш би излегол бес, страв, злоба, презир, омраза итн.

И тогаш вие би рекле дека сето тоа што излегло од вас е поради тоа што некој ви рекол вака, или направил така… но, вистинкото што излегува од вас е тоа што вие го имате во себе…

ЗАПАМТЕТЕ ЕДНО ДЕКА, АКО НЕКОЈ СИЛНО ВЕ СТЕГНЕ ОД ВАС СЕКОГАШ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОНА ШТО Е ВО ВАС. ОД ПОРТОКАЛОТ НИКОГАШ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ СОК ОД ЈАБОЛКО. ИСТО ТАКА И ОД ВАС НИКОГАШ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОНА ШТО НЕ Е ВО ВАС !!!

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close