Влијанието на интернетот врз децата

 Интернетот почна да управува со животот на младите, но и со животот на постарите.  Ништо  без објави на „Фејсбук“, на „Инстаграм“, на „Јутјуб“ или на „Твитер“.

Некогаш родителите знаејќи дека децата се мирни само кога гледаат телевизија или цртани на таблети и на компјутери им дозволуваат да ги користат, а потоа велат дека децата им се зависни од технологијата. Децата уште од раѓање се навлечени на новата технологија. Тие гледаат колку родителите се зависни од компјутери, телефони, таблети, па мислат дека таква е нормалната состојба на работите, па сега можете да видите дека децата веќе од една година земаат телефон, гледаат таблет.

Интернетот, медиумите и социјалните мрежи се оние на кои децата и младите трошат голем дел од денот. Доколку тие се користат правилно, тие имаат многу позитивни карактеристики, како на пример брза, лесна и ефтина комуникација, брзо и лесно пребарување на информации, пристап до научни, забавни и образовни информации и сл. Сепак тие имаат и огромно штетно влијание врз децата и младите.

Тешко е да се контролира какви информации можат да допрат до децата и младите и поради тоа родителите мораат да бидат многу внимателни.  Преку разните социјални мрежи многу често се пренесуваат пораки кои наместо да го зајакнуваат детското чувство за хуманост, почитување на различностите и толеранцијата, тие им го јакнат чувството на недоверба и страв. Многу е битно младите да се оттргнат од влијанието на социјалните мрежи, бидејќи заборавија на реалниот контакт со своите врсници, заборавија на детските, друштвени игри и се концентрираат на игрите на компјутер. Стратегиските игри кои тие ги играат на компјутер, во кои најчесто се употребува оружје, помагаат децата да изградат личност која подоцна може и во реалниот живот своите проблеми да ги решава на истиот начин како и во играта. Децата во суштина го имитираат тоа што го гледаат.

Родителите ја имаат клучната улога во помагањето на децата да имаат пристап до безбедни и позитивни искуства на Интернет. Тие треба да се потрудат и да разберат на кој начин и за што младите го користат интернетот. Исто така треба да го ограничат времето кое децата ќе го поминуваат пред телевизор и на интернет. И секако родителите треба да бидат пример за своите деца, доколку тие го поминуваат слободното време од денот пред компјутер и телевизор, секако дека и нивните деца ќе го прават тоа.

 

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Осумте лаги на мојата мајка

Мојата мајка не ја говореше секогаш вистината. Ме има излажано осум пати во важни животни моменти! Приказната почнува со мојот...

Close