ВО ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Ситуацијата која е опишана се случува во полски град, попладне кога сите се враќаат од работа и е гужва во градскиот превоз:
Еден од патниците кој има место за седење е црнец на неодредена возраст. Автобусот застанува на станицата, влегува бремена жена, кое се гледа, со торби, влегува и една баба со неколку други луѓе.
Црнецот кога ја видел бремената жена станал и ѝ рекол: „Повелете седнете“, и љубезно и го отстапил местото, а во тој момент автобусот тргнал.
Бабата го видела за момент слободното место, ја одгурнала бремената жена и брзо, брзо седнала на столчето.
Бабата седи среќна, а црнецот љубезно и се обраќа:
„Извинете, но јас го отстапив местото на госпоѓата која е бремена и изгеда уморно. Мислам дека на вас нема ништо да ви штети да постоите малку и да и дозволете да седне.“
На тоа бабата му одговара:
„Незнам од кое племе сте вие, но овде во оваа цивилизирана земја место се отстапува на стари и болни жени, а не на млади и здрави.“
Оваа расистичка забелешка очигледно дека го налутила црнецот па посебно „љубезно“ и одговорил на старата госпоѓа:
„Не знам од кое село сте вие госпоѓо, но во моето село такви стари и зајадливи баби ги јадат за вечера!“

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close