Волкот раскажува за Црвенкапа

Шумата е моја куќа. Живеев и ја чував, се трудев да ја држам средана и чиста. Еден сончев ден, додека го чистев ѓубрето што еден кампер го имаше оставено, слушнав чекори. Скокнав и се скрив зад дрвото. Видов едно девојченце кое се спушташе по шумската патека носејќи една кошничка. Веднаш се посомневав во неа, бидејќи беше облечена малку чудно, со покриена глава како да сака да се скрие од некого. Нормално застанав да видам која е, ја прашав која е и што бара тука. Ми кажа дека оди во куќата на нејзината баба да и однесе ручек. Ми изгледаше како искрена и добра личност, но сепак се наоѓаше во мојата шума, а ми изгледаше сомнително со тоа чудно капче. И кажав дека е опасно да оди сама низ шумата, но таа само дрско ми одговори дека тоа не е моја работа и продолжи по патеката.

Потрчав да стигнам пред неа во куќата на нејзината баба. И раскажав на добрата старица што се случи и таа се согласи дека на нејзината внука треба да и се одржи лекција. Најпрвин се согласи да биде надвор од куќата се додека не ја викнам, но потоа одлучивме да се скрие под креветот. Кога пристигна девојчето ја повикав во спалната, а во меѓувреме јас се преоблеков во облеката на нејзината баба. Девојчето влезе и веднаш прокоментира за моите големи уши. И претходно ме имаа навредувано, па затоа се обидов да и објаснам дека имам големи уши за да можам да ја слушам подобро. Во моментот кога сакав да и кажам дека е добро девојче таа почна да зборува за моите големи очишта. Сепак, научен да го свртам и другиот образ кога ме навредуваат и кажав дека моите големи очи ми служат за подобро да ја гладам. Следната навреда најмногу ме погоди. Не можев да поверувам како тоа девојче наизглед толку мило крие толку антипатија во себе. Јас сум свесен за мојот проблем: имам големи заби, но што да направам? А девојчето искоментира токму за нивната големина. Знам дека требаше да се исконтролирам, но скокнав од креветот и почнав да ‘ржам викајќи дека забите ми служат за полесно да ја изедам. Сега да бидам искрен, ниеден волк не би изел мало девојченце, сите го знаат тоа. Девојчето почна да трча низ куќата викајќи, а јас трчав по неа обидувајќи се да ја смирам. Ја соблеков облеката од бабата, но ситуацијата повеќе се влоши. Наеднаш вратата се отвори. Се појави огромен ловџија со секира. Го погледнав и знаев дека сум во неволја. Видов еден отворен прозорец и излетав од таму.

Би сакал да кажам дека ова е крајот на приказната, но бабата на девојчето никогаш не ја раскажа мојата верзија. После кратко време почнаа да кружат гласини дека сум лош и антипатичен волк. Сите почнаа да ме избегнуваат. Не слушнав ништо повеќе за девојчето со тоа смешно и чудно капче, но после таа случка никогаш повеќе не живеев среќно.


Секоја приказна има две страни, не осудувајте без да ги слушнете и двете!

Текстови од истата категорија:

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Ацо Шопов – „Ветрот носи убаво време“

Ветрот носи убаво време. Вилнее, јачи во нас. Ветрот носи убаво време. Убавото е убаво и поминува. Останува тагата. Понекогаш...

Close