ВО ТИШИНАТА НА СОНОТ

Не, не сакам мојата љубов
да ти ја докажувам.
Љубовта не се докажува.
Сакам да ти ја покажам,
да ти ја опишам.
Дозволи ми да те сакам.
Со зборови љубов нема да ти изјавувам,
секој збор кој би ти го кажал
веќе е изречен.

Сакам за тебе да напишам стих
преполн со оние сликарски бои
кои само четката на сликарот знае да ги опише,
тоа што го чувствувам за тебе
а тоа е ЉУБОВ – црвената.

Пушти ме да шарам по тебе
со боите на виножитото.
Пушти ме да ти докажам
колку сум среќен што си само моја
и што тебе за поклон
те добив кога преку мене се сливаше
само црната боја.

Ти си за мене се, моето сонце, мојата светлина,
мојот нов ден.
Насмевка на лицето, моја среќа
пронајдена во тишината на сонот.

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close